Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
<октомври 2024>
повтсрчепесане
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10

Владата и граѓанскиот сектор заедно ќе се борат против криминалот и корупцијата

 Министерот за правда Игор Филков заедно со премиерот Христијан Мицкоски и дел од министрите учествуваше на првата од серијата средби со граѓанскиот сектор ,, Дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор” на тема:Владеење на право, добро владеење и борба против корупцијата во организација на Меѓународниот Републикански Институт.
Борбата против криминалот и корупцијата  мора да биде одлучна а целта на Владата е преку дијалог и комуникација со граѓанските организации да се овозможи подобро функционирање на институциите и добро владеење.
Министерот за правда Игор Филков истакна дека граѓанските организации,неформалните мрежи и активистите се вклучени во активностите на Министерството за правда.
 ,,Вратата на граѓанските организации е отворена, а тоа се докажува со тоа што во секоја работна група за измените на законите, подзаконските акти, изготвувањето на стратегии, прирачници, овие организации се дел од нив и активно се вклучени заедно со вработените од Министерството за правда со кои имаат успешна соработка. Секогаш, без исклучок се вклучени и во сите дебати и јавни расправи што ги иницира Министерството за правда а нивните препораки,  ги земаме предвид  со исклучително внимание”,рече министерот за правда Игор Филков.
Министерот Филков порача дека сферата на владеење на правото и борбата против корупцијата се клучни приоритети за сите нас а тоа може да се постигне само со заеднички заложби на институциите и граѓанското општество.


Претходна

Филков-Џанел : Холандија ги поддржува реформите во правосудството

Следна

Министерот за правда Игор Филков, денеска во Охрид оствари билатерална средба со министерот за правда на Република Унгарија, Бенце Тузсон.