Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Охрид
<декември 2024>
повтсрчепесане
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5

Министерот за правда Игор Филков, денеска во Охрид оствари билатерална средба со министерот за правда на Република Унгарија, Бенце Тузсон.

Министерот за правда Игор Филков ја потенцираше важноста на поддршката од Република Унгарија во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ. Унгарскиот колега, Бенце Тузсон посочи дека нашата држава  мора да го следи патоказот во врска со пристапот кон ЕУ и да го забрза процесот на хармонизација на националните закони согласно со легислативата на ЕУ.

Министрите потенцира дека не постојат проблеми во однос на меѓународната правна помош во кривични и граѓански предмети меѓу двете држави.

Од страна на министерот за правда на Република Унгарија беше  претставена измената на Унгарската национална легислатива и начинот на кој користат вештачка интелигенција  во базата на податоци на закони и подзаконски акти.

Министерот на Република Унгарија Бенце Тузсон го покани министерот за правда Игор Филков во  официјална посета на Будимпешта со цел да биде прикажана оваа новина во дигитализацијата на базата на податоци на закони и подзаконски акти.


Претходна

Владата и граѓанскиот сектор заедно ќе се борат против криминалот и корупцијата

Следна

Филков: Убеден сум дека во наредните 15 дена Фемида системот за аудио и видео снимање на судските расправи ќе се применува насекаде