Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје

Средба Филков-Рокас

 

Министерот за правда Игор Филков се сретна со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Михаил Рокас.

Се разговараше за законодавната агенда ,планираните реформски активности во правосудството, Судскиот совет, Развојната секторска стратегијата за правосудството 2024-2028, Кривичниот законик, дигитализацијата на судството, евроинтегративните процеси, како и борбата против корупцијата.

Министерот Филков  ја истакна определбата дека  реформската агенда е приоритет на државата при што останува  клучна поддршката од ЕУ за стабилноста на земјата со надеж за продолжување на билатералната соработка во духот на заедничките вредности. 

Амбасадорот Рокас посочи дека проширувањето на Европската унија е повторно високо на агендата а областа владеење на правото е најважната во контекст на евроинтеграциите. Изрази подготвеност за поддршка на капацитетите на Министерството за правда, а ја најави и посетата  на Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на земјава на 24 октомври 2024.

 

Претходна

Ефтимов: Препораките во Извештајот од Комитетот за заштита од тортура мора да се сфатат сериозно, потребни се итни реформи на затворскиот систем!

Следна

Министерот за правда, Игор Филков, одржа средба со Претседателот на Комитетот за превенција од тортура (КПТ), Алан Мичел и Вицегувернерот на Банката за развој при Советот на Европа, Томаш Бочек.