Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Петра Дрекслер.

 На средбата се дискутираше за планираните реформи во правосудството, владеењето на  правото, Изборниот законик, како и процесот на дигитализација. 

Министерот Филков посочи  дека од 15 ноемвризапочнуваат дебати за Судскиот совет со цел да се најде најдоброто прифатливо решение. Се работи и на законски измени за решавање на проблемот со недостаток на судии и јавни обвинители.

Амбасадорката Дрекслер  истакна  дека Сојузна Република Германија ги поддржува сите иницијативи за унапредување на соработката во рамките на евроинтегративниот процес како и заложбите на Уставниот суд на  Република Северна Македонија за воведување на институтот -Уставна жалба.

Билатералната соработка меѓу двете држави ќе продолжи и во наредниот период.


Претходна

Министерот за правда, Игор Филков оствари средба со претставниците на Блупринт

Следна

Министерот за правда, Игор Филков оствари средба со Дарко Аврамовски, извршен директор на Коалиција,, Сите за правично судење” , Наташа Петровска, проектен координатор, судијата Илија Трпков од Основен кривичен суд Скопје како претставник на Здружението на судии и јавниот обвинител Елвин Вели од Јавното обвинителство на РСМ ,претседател на Здружението на јавни обвинители на РСМ.