На средбата се дискутираше за изготвениот документот за јавни политики ,,Препораки за подобрување на состојбите во правосудниот сектор”, кој содржи насоки за надминување на проблемите со кои се соочуваат судиите и јавните обвинители.
Посебен акцент беше ставен на потреба од дигитализација во правосудниот систем и ефикасно водење на постапки.
Соработката ќе продолжи и во иднина прекуспроведување на конкретни активности при примената на препораките од документот.