Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2024>
повтсрчепесане
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5

Заменик на министерот за правда, Ален Деребан се обрати на „Регионалната конференција за споделување искуства на судска поддршка за жртвите и сведоците" организирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)

Осврнувајќи се на активностите на  Министерството за правда, Деребан посочи дека во изминатиов период Министерството за правда посебно внимание посвети на доуредување на материјата на жртвите од кривични дела во релевантните закони. 

„За првпат беа донесени закони со кои се унапредуваат правата на жртвите во кривичната постапка. Во моментов, исклучително актуелни се измените на Законот за кривичната постапка и донесувањето нов Кривичен законик. Како посебно значајно во казнено-правната област, би го истакнал донесувањето на Законот за канцеларија на поврат на имот и Законот за исплата на паричен надоместок на жртви на кривични дела со насилство кој беше донесен во ноември 2022 година, а започна да се применува од 25.05.2023 година. Целта е да се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени од насилство како помош од страна на  државата, согласно со начелото на општествена солидарност и да се спречи секундарната виктамизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат од односот на надлежните органи" - истакна Деребан во своето обраќање.
 
Министерството за правда во изминатиот период посебно внимание посветува на измените на Законот за кривичната постапка. Имајќи го предвид фактот дека овој закон претставува своевиден устав за човековите права,  активностите на Министерството за правда се насочени кон усогласување на законот со најновите меѓународни стандарди во казненото процесно право, а особено најновите директиви на Европската Унија во оваа сфера.

Претходна

Филков оствари средба со претставници на УПОЗ

Следна

Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на настан во Владата по повод 5 ноември, Меѓународниот ден на ромскиот јазик.