На маргините на Меѓународната конференција “Правна конкурентност-Правни инструменти за поконкурентна Европа” која се одржува во Будимпешта, министерот за правда Игор Филков и неговиот колега од Црна Гора, Бојан Божовиќ, во организација на министерот за правда на Унгарија, Бенце Тузсон го посетија Парламентот на Република Унгарија.
Парламентот е седиште на националното Собрание на Унгарија, и претставува доказ дека историјата, традицијата и технологијата како новитетет на современото општество можат и мораат непречено да опстојуваат.
Историскиот импозантен објект е целосно прилагоден на современите потреби на модерната унгарска
држава, притоа водејки сметка да не се нарушат историските вредности и содржини на објектот стар 120 години.