Амбасадорот Лудва ја потенцираше поддршката на Чешка за интеграција на нашата држава во ЕУ.
На средбата се дискутираше за повеќе теми од заеднички интерес, со посебен акцент на реформите во правосудството, особено во делот на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и важноста на дигитализацијата во судскиот систем што е дел од Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028.
Министерот Филков се заблагодари за поддршката на Чешка и ја нагласи важноста на билатералната соработка за подобрување на правосудниот систем.