Денес, на Меѓународниот ден на човекови права, се сеќаваме на нашата заедничка одговорност да се бориме за достоинството, слободата и еднаквоста на секој човек.
Човековите права не се само основни права, туку и темел на секое праведно општество.
На овој ден во 1948 се донесе Универзалната декларација за човекови права.
Законите и правната рамка за човековите права штитат од злоупотреби, прекршувања и други повреди, обезбедувајќи дека секој може да живее со достоинство и почит.
Министерството за правда работи на постојано подобрување на правниот систем и јакнење на правото на секој поединец да се чувствува слободен, сигурен и еднаков пред законот.
Заштитувајќи ги нашите права, ја штитиме нашата иднина.
Само со заеднички сили можеме да изградеме општество во кое правата на секој човек се почитуваат и обезбедуваат.