Во Основниот суд во Гостивар се одржа тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет.
Министерството за правда во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ започна со организирање на стручни расправи со цел подготовка на измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет за адресирање на препораките од Оценската мисија, преку транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе за унапредување на законската рамка која го уредува работењето на ова тело.
Донесувањето на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет е дел од активностите и на клучните стратегиски документи: Планот за раст и на Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година.
Изнесените сугестии, мислења, забелешки и предлози на одржаните јавни расправи ќе бидат исклучително важни при дефинирањето на финалното законско решение кое особено ги тангира судиите. Токму затоа, нашата основна цел денес е да ги слушнеме вашите предлози за предложените законски решенија.