Министерот за правда Игор Филков и ректорот на Меѓународниот Славјански Универзитет Свети Николе потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на професионалната соработка помеѓу двете институции.
Со ваквата соработка се отвораат нови можности за размена на искуства, а истовремено се поттикнуваат студентите да учествуваат во практични активности кои ќе ја зголемат нивната стручност и знаење.
Експертите од различни области кои ќе ги номинира Меѓународниот Славјански Универзитет ќе имаат важна улога во спроведувањето на анализите и истражувањата во правец на модернизација и усогласување на правниот систем со европските и меѓународните стандарди.
Ова партнерство отвора нови можности за студентите, но и за професионалците кои ќе имаат можност да се запознаат со најновите современи правни трендови и да учествуваат во практични проекти што ќе имаат влијание на унапредувањето на правниот систем и јавната администрација.