Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје
<февруари 2025>
повтсрчепесане
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Хрватска е наш партнер за реформите во правосудството

Средбата со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, е од клучно значење за нашите напори за реформа на правосудниот систем, како и за борбата против криминалот и корупцијата.

Реформите во правосудството, измените на Кривичниот законик и на Законот за Судски совет кои ги планираме се суштински за создавање на праведно и транспарентно општество.
Министерот за правда Игор Филков и амбасадорката Тигањ разменија искуства и мислења кои ќе ни помогнат во зајакнување на нашиот правен систем.

Хрватска има значајно искуство во правосудството и нивната експертска поддршка ќе ни помогне да го забрзаме патот кон европските стандарди.
За нас, борбата против корупцијата и организираниот криминал е основа за стабилност и развој, и токму поддршката од Република Хрватска, е важна за реализација на нашите цели.
Со заеднички напори, ќе продолжиме да работиме на зајакнување на правната држава и на градење на доверба кај граѓаните.


Претходна

Филков: Судскиот совет треба да биде орган кој ќе го штити интегритетот на судиите, но истовремено и самиот тој да подлежи на механизмите на отчетност и транспарентност

Следна

Конститутивната седница на новиот состав на Советот за координирање на ИКТ: Стратегија за дигитална иднина!