Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје

Соработка за посилно правосудство и европска интеграција: Средба на министерот Филков со Амбасадорот на Шпанија, Н.Е Рафаел Соријано Ортиз

 Поддршката од меѓународните партнери како што е Шпанија, има клучна улога во зајакнувањето на правосудниот систем и во процесите на реформи. На средбата беа разгледани можностите за соработка и размена на искуства во правниот сектор, што е важен чекор во интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија.

 

Договорено е во наредниот период да се оствари билатерална средба на која тимови од двете држави ќе разговараат за неколку клучни теми, како што се дигитализацијата во судството и Јавното обвинителство, меѓународна правна помош, затворскиот систем.

 

Шпанија како долгогодишен партнер и поддржувач на нашата евроатлантска интеграција, останува да биде  посветена на процесот на демократизација, стабилност и развој на правосудството во земјата.


Претходна

Филков до идните судии и јавни обвинители : Вие како долгоочекувана нова енергија во правосудството, можете и потребно е да направите многу!

Следна

Филков: Зголемување на казните за возачите кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот