Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје
<април 2025>
повтсрчепесане
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11

Завршен состанок на работната група за подготовка на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет

Нацрт Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет ќе биде доставен на мислење до Венецијанската комисија.
Клучни новини кои ги предлага работната група, а кои се засноваат на насоките на Оценската мисија :
- Уредување на постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет;
- Прецизирање на условите кои треба да ги исполнат кандидатите за член на Судскиот совет кои ги избира Собранието на јавен оглас или на предлог од претседателот особено во однос на појаснување на поимот „истакнат правник“;
- Покрај прецизирање на времетраењето на работното искуство како услов се предлага кандидатите да се истакнале со научна или професионална работа за прашања од областа на правосудството, да се истекнале со свое јавно делување во заштита на владеењето на правото, независноста на судството и човековите права, да уживаат углед и да поседува интегритет за вршење на функцијата член на Совет;
- Зајакнување на јавноста и транспарентноста на постапката за избор на не-судски членови преку воспоставување на можност за јавна расправа на која кандидатите ќе може да се претстават и ќе им се поставуваат прашања за нивното професионално искуство и стручност;
- Зајакнување на легитимитетот на процесот за избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите;
- Појасно уредување на постапката за утврдување одговорност на член на Судски совет вклучувајќи и негово разрешување;
- Воспоставување обврска на Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите;
- Воспоставување рокови во кои треба да се преземат дејствија за утврдување дисциплинска одговорност на судиите како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет и
- Други измени со кои се адресираат препораките од Оценската мисија и со кои се унапредува правната рамка.
Процесот се спроведува во соработка и со поддршка од проектот ЕУ поддршка за владеење на правото. 


Претходна

Предлог Законот за јавното обвинителство е објавен на ЕНЕР

Следна

Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер објавен на ЕНЕР