Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје

Во Истанбул претставен напредокот на државата и реформите во системот за правда за децата

Претставник од  Министерството за правда учествуваше на регионалната конференција „Поставување на одвраќањето и ресторативните пристапи во центарот“ организирана од УНИЦЕФ и Министерството за правда на Турција. За време на конференцијата имавме можност да го претставиме напредокот на државата и реформите кои беа направени во системот за правда за деца, со фокус на Законот за правда за деца. Се приклучивме кон повикот за акција подготвен од УНИЦЕФ и Република Турција, надоврзувајќи се на нашите колективни напори и заложби, повикувајки на: Пристап на ресторативна правда како основа на системот за детска правда, соодветна употреба на мерката одвраќање колку што е можно повеќе и колку што е можно порано и постапување на сите професионалци водејќи се од најдобриот интерес на детето


Претходна

Нацрт Закон за изменување и дополнување на Закон за прекршоците објавен на ЕНЕР

Следна

„Наша надлежност, твое право“, едукативна кампања на МП