Министерот за правда, Игор Филков со задоволство ги пречека учениците од ООУ „Јан Амос Коменски” кои со голема љубопитност и искрени погледи се интересираа за битни прашања поврзани со правдата и како може најдобро да ја сочуваме. Како што може да се препознаат добрина, љубов и правдата е концепт што се насетува уште од најмала возраст и затоа е битно да се отвораат вакви прашања.
За време на посетата, учениците имаа можност да се запознаат со работата на Министерството, клучните надлежности, како и значењето на правдата, владеењето на правото и заштитата на човековите права.
Средбата со министерот беше интерактивна, со отворен разговор и одговори на прашања кои ги интересираа младите учесници.
Правдата не се учи само во училиште – таа се практикува секој ден преку почит, фер однесување и грижа за другите. Овие ученици се доказ дека младите размислуваат, прашуваат и се интересираат за важните општествени теми. Токму затоа е важно институциите да бидат отворени за нив.
Министерството за правда продолжува со поддршка на вакви едукативни иницијативи, со цел градење на свесни, одговорни и информирани млади генерации.