Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје

Промовиран годишниот извештај за 2024 година за спроведувањето на Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028

 42,9% од предвидените активности се целосно реализирани во 2024 година. Во оваа стапка не се вклучени активностите кои сè уште се во тек.

Стапката на реализација значително ќе се зголеми со активностите што се преземаат во 2025 година, заклучно со месец јуни. За тоа дополнително ќе бидете информирани преку полугодишниот извештај, кој ќе биде објавен во текот на јули 2025 година.
Во 2024 година, најголем успех е постигнат во првата и втората приоритетна област, со реализација од над 60%. Ова се однесува на судството, јавното обвинителство и другите институции во системот.
Овие бројки се значајни, но уште поважно е тоа што укажуваат дека правосудниот систем почнува да се движи во вистинската насока – кон доверба, транспарентност и ефикасност.
Отпочнат е процесот на формирање на новиот Совет за следење на реформите во правосудството, чии надлежности не се ограничени само на координирано следење на имплементацијата на Развојната секторска стратегија за правосудство (2024–2028) и Акцискиот план, туку и на Реформската агенда 2024–2027, особено во делот 5: Фундаментални вредности / Владеење на правото.
Спроведувањето на зацртаните реформи останува врвен приоритет, при што се раководиме според најкратките рокови утврдени во Реформската агенда.
Изработката на извештајот е овозможена со поддршка на Проектот на ЕУ за владеење на правото и претставува доказ за тоа што може да се постигне кога институциите, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери соработуваат со заедничка визија и фокус.
 

Претходна

„Наша надлежност, твое право“, едукативна кампања на МП

Следна

Филков: Во финална процедура или во тек се 22 реформски закони, од кои 13 директно произлегуваат од Реформската агенда