Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје

Делегација на РСМ предводена од Министерството за правда во Женева

 На 30 јуни и 1 јули 2025 година, во Женева, делегацијата на РСМ предводена од Министерството за правда учествуваше на интерактивен дијалог со Комитетот за човекови права на ОН, во врска со Четвртиот периодичен извештај по Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

Делегацијата ја предводеше Никола Прокопенко, државен советник за казнено законодавство, кој ги истакна главните реформи во правосудниот сектор:
- Имплементирана е Стратегијата за реформа 2017–2022
- Усвоена е нова Стратегија 2024–2028
- Фокус на борба против корупција, родова еднаквост, заштита од дискриминација и права на лицата со попреченост
Прокопенко нагласи:
„Градиме потранспарентен, поефикасен и поодговорен правосуден систем, усогласен со меѓународните стандарди.“
Делегацијата одговараше на прашања за:
• Антикорупција
• Насилство врз жени
• Репродуктивни права
• Тортура
• Права на новинари
• Пренатрупаност во затвори
Во составот беа претставници од Министерството за правда, МЗ, МСПДМ, АВМУ, УИС, МНРНТ, МОН и МВР.
 

Претходна

Предлог Законот за Судски совет е во владина процедура

Следна

ИЗВЕСТУВАЊЕ за испит за вештак