Предлог-Законот за вештачење кој е објавен на ЕНЕР конечно воведува јасни, правно обврзувачки правила за регистрација, лиценцирање и надзор на сите што ја вршат оваа дејност.
Досега, отсуството на ваква регулатива создаваше правна празнина и несигурност – што директно влијаеше врз правната сигурност над целиот правосуден систем.
- Јасни услови за регистрација – Министерството за правда конечно ќе води целосен Регистар на правни лица што вршат вештачење за кои се предвидени прецизни критериуми за упис.
- Стекнување лиценца само преку испит – објективна проверка на знаењето од областа на правната регулатива.
- Минимален работен стаж – минимум 10 години искуство по дипломирање, или 5 по магистер, или докторат.
- Професионална саморегулација – лиценцирањето преминува во надлежност на Комората на вештаци.
- Задолжително осигурување – заштита на граѓаните од нестручни вештачења.
- Подетално разработена дисциплинска постапка – нов систем за отчетност и професионализам.
Целта е јасна: подобрен квалитет на судските постапки, експертизите и зголемена доверба на јавноста во оваа важна дејност.
Со овој закон, се обезбедува вештачењето да е објективен и квалитетен доказ во судските постапки.
Линк до законот на ЕНЕР:
https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=102553