Разбирањето на начинот на функционирање и судската пракса на Судот на правдата на Европската Унија е од суштинско значење за точното толкување и примена на европското право, како и за усогласувањето со европските стандарди.
Ефикасното водење постапки пред Судот и практичната примена на Повелбата бараат знаење, конзистентност и посветеност од сите институции – особено во рамки на правосудниот систем.
Република Северна Македонија останува цврсто посветена на зајакнување на професионалните капацитети во правосудството преку континуирани обуки, размена на искуства и примена на европските принципи во секојдневната работа.