Министерот за правда Игор Филков учествуваше на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан во Сараево, на панелот посветен на темата „Зајакнување на владеењето на правото преку судска реформа и борба против корупцијата“.
Министерот Филков во своето обраќање ја нагласи посветеноста на Владата за преземање решителни чекори за јакнење на независноста, интегритетот и ефикасноста на судството.
Се спроведуваат суштински реформи, усогласени со европските стандарди и препораките на ГРЕКО, Европската комисија и Венецијанската комисија.
-Новите закони за Судскиот совет, судовите, судската служба и платите на судиите и на обвинителите ја зајакнуваат независноста и отпорноста на правосудството.
-Формиран е Совет за следење на реформите и Совет за дигитализација во правосудството – за поголема ефикасност, транспарентност и пристап до правда.
- Се зајакнува системот на интегритет и надзор врз јавниот сектор, а истовремено се унапредува регионалната и меѓународната соработка во оваа област.
Нашата определба е јасна – да изградиме општество на еднаквост, правда и достоинство за секој граѓанин.