Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сектори

Раководител на сектор

Николина Микеска Костадиновска

075 388 691 и 3116 123, локал: 148
nmikeska@justice.gov.mk

 

Лице за контакт: Ана Стојова - Помошник раководител на Секторот за правосудство
Контакт телефон: 071221090 и 3116 123, локал: 156
e-mail: astojova@justice.gov.mk

Во Секторот за правосудство се вршат работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на судството, јавното обвинителство, државното правобранителство, другите правосудни органи, адвокатурата и други видови на правна помош, наследувањето, сопственоста, стварните права и облигационите односи, амнестијата и помилувањето, кривичната, парничната и вонпарничната постапка, прекршоците, интелектуална сопственост и вештачење.

 

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

  • Одделение за нормативна дејност во кривичната материја
  • Одделение за нормативна дејност во граѓанската материја
  • Одделение за организација на правосудните органи и следење на реформата во правосудниот сектор
  • Одделение за попмилување и надомест на штета
  • Одделение за постапување по претставки и поплаки по работата на правосудните органи

 

 

Одделение за нормативна дејност во кривичнатата материја

Лице за контакт: Марија Илиевска - Раководител на одделение
Контакт телефон: 071 205 891и 3116 123, локал: 323,
e-mail: mbrindevska@justice.gov.mk


Во Одделението за нормативна дејност во кривичната материја се вршат следните работи и задачи:

  • подготвување на предлози за донесување на закони, предлози на закони и други прописи и општи акти во кривичната материја;
  • изготвување на анализи за спроведување на законите од кривичната материја;
  • изготвување на компаративни анализи и анализи за меѓународните стандарди од кривичната материја;
  • изготвување на мислења по закони и иницијативи за оценка на уставноста на законите од кривичната материја;
  • следење и имплементација на законите од кривичната материја.
  • собирање податоци од судовите, вршење анализа на казнената политика на судовите, давање предлози за унапредување на законската рамка
  • следење меѓународните стандарди содржани во меѓународните документи кои се однесуваат на конфискација на имот, имотна корист и одземање на предмети во кривична и прекршочна постапка.



Одделението за организација на правосудните органи и следење на реформата во правосудниот сектор

Лице за контакт: Славица Жерајиќ - Раководител на одделение
Контакт телефон: 075 388 656 и 3116 123, локал: 118
e-mail: szerajik@justice.gov.mk



Во Одделението за организација на правосудните органи и следење на реформата во правосудниот сектор се вршат следните работи и задачи:

  • подготвување на предлози за донесување на закони, предлози на закони и други прописи и општи акти во областа на судството, јавното обвинителство, адвокатурата и другите правосудни органи;
  • изготвување на извештаи, мислења, анализи, осврти, информации и други материјали што се однесуваат на работата на судството, јавното обвинителство, адвокатурата и другите правосудни органи;
  • следење и проучување на работата на судството во врска со организацијата, навременоста, експедитивноста и ажурноста во нивното работење;
  • остварување соработка со јавното обвинителство по прашањата на обезбедување на општите услови за работа, како и по други прашања од заеднички интерес;
  • учество во вршење надзор над управното работење и во вршењето надзор над ажурното работење;
  • изготвување на Судски деловник;
  • водење грижа за спроведувањето на Судскиот деловник и дава упатство и објаснувања на негова примена и врши увид во врска со примената на Судскиот деловник;
  • следење на работата на правосудните институции и подобрување и усовршување на нивната работа;
  • следење на активностите од Стратегијата за реформа во правосудниот сектор;
  • следење на остварувањето на имплементацијата и заштитата на интелектуалната сопственост;
  • следење и имплементација на реформата во правосудниот систем во рамките на надлежностите на секторот;
  • извршување на работи во врска со правосудната управа;
  • водење евиденција за припадниците на судската полиција, вршење увид во безбедносната состојба на судовите и давање препораки и насоки за нејзино подобрување;
  • прибирање и водење на статистички податоци и изготвување на анализи и статистички извештаи за работата на судовите и јавните обвинителства;
  • водење на редовна судска статистика и изготвување на годишни статистички евиденции, прибирање и обработка на статистички податоци;
  • собирање и обработка на податоци.



Одделение за помилување и надомест на штета

Лице за контакт: Андријана Ѓорѓевска - Раководител на одделение
Контакт телефон: 070 314 453 и 3116 123, локал: 119
e-mail: agjorgjevska@justice.gov.mk


Во Одделението за помилување и надомест на штета се вршат следните работи и задачи:

  • изготвување на предлози за помилување на поименично осудени лица;
  • изготвување предлози по одлука на Претседателот на Република Македонија (групни) помилувања;
  • вршење на работите во врска со надомест на штета на лица неоправдано осудени и неосновано или незаконито лишени од слобода.



Одделение за постапување по претставки и поплаки по работата на правосудните органи

Лице за контакт: Анета Тошевска - Раководител на одделение
Контакт телефон: 071223635 и 3116 123, локал: 116
e-mail: atosevska@justice.gov.mk
Во Одделението за постапување по претставки и поплаки по работата на правосудните органи се вршат следните работи и задачи:

  • постапување по претставките и поплаките на граѓаните на работата на судовите кои се однесуваат на одолговлекување на судската постапка или на работата на судските служби;
  • испитување на претставките и поплаките на граѓаните што се однесуват на работата на јавните обвинители и другите правосудни органи;
  • изготвување на информации, анализи и други материјали кои се однесуваат на претставки и поплаки на граѓаните што се однесуват на работата на јавните обвинители и другите правосудни органи;
  • водење евиденција на претставките кои се поднесени по работата на судовите, јавните обвинители и другите правосудни органи.



Одделението за нормативна дејност во граѓанската материја

Контакт телефон: 3116 123, локал: 448

Во Одделението за нормативна дејност во граѓанската материја се вршат следните работи и задачи:

  • подготвување на предлози за донесување на закони, предлози на закони и други прописи и општи акти во граѓанската материја и вештачењето;
  • изготвување на анализи за спроведување на законите од граѓанската материја;
  • изготвување на компаративни анализи и анализи за меѓународните стандарди од граѓанската материја;
  • изготвување на мислења по закони и иницијативи за оценка на уставноста на законите од граѓанската материја;
  • следење и имплементација на законите и подзаконските акти од граѓанската материја и процената;
  • изготвување на извештаи, мислења, информации, анализи, осврти и други материјали кои се однесуваат на работата на дејноста вештачење;
  • преземање на административно-техничките работи за спроведување на стручниот испит;
  • постапување по барања за лиценца на вештак и по барања кои се однесуваат на работата на вештаците;
  • водење на регистар на лиценците на вештак;
  • вршење на надзор на Збирниот регистар на проценители во Комората на проценители.

Раководител на сектор

Тања Кикерекова

076 40 44 62 и 02 3 116 123 локал: 258
tkikerekova@justice.gov.mk

 

Во Секторот за меѓународно-правна соработка се вршат работите што се однесуваат на остварување на меѓународната соработка, остварување на процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО, човековите права и координација на активностите против корупцијата.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

  • Одделение за меѓународно-правна соработка и соработка со НАТО;
  • Одделение за човекови права и компаративно-правни анализи;
  • Одделение за координација на активностите против корупцијата.

 

 

Одделение за меѓународно-правна соработка и соработка со НАТО

Во Одделението за меѓународно-правна соработка и соработка со НАТО се вршат следните работи и задачи :

  • следење на меѓународно-правниот поредок, подготвување предлози за поведување на постапка за потпишување и ратификација на меѓународно-правни инструменти со анализа на законската регулатива,
  • изготвување на мислења за потребите од пристапување кон конвенции и протоколи од надлежност на други министерства;
  • соработка со Европскиот Комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КПТ), заради исполнување на обврските содржани во Европските конвенции за човекови права и за заштита од мачење и нечовечко или понижувачко постапување или казнување; организирање на посетите на КПТ на судовите и затворите, произнесување по неговите извештаи за констатираните состојби и постапување по препораките и забелешките;
  • континуирана соработка и поддршка на активностите на Кривичниот суд за поранешна Југославија (Хашки Трибунал), како и во спроведувањето на истрагите и гонењата на лицата обвинети за сериозни кршења на меѓународните норми;
  • активности за континуирана соработка со меѓународните органи и организации (ООН, СЕ, ОБСЕ, ОЕЦД), нивните тела, органи и комитети, активности за реализација на нивните препораки и следење на имплементацијата на препораките;
  • учество во активностите за реализација на обврските што произлегуваат од Акциониот план за членство и изготвување и спроведување на Годишните Национални програми на Република Македонија за подготовка за членство во НАТО;
  • изготвување на информации за напредокот на Република Македонија во реализацијата на Годишната национална програма за членство во НАТО
  • редовно учество на состаноците на Република Македонија со Северно Атлантскиот Совет на НАТО (26+1) во Брисел;
  • учество во експертските тимови на Работниот комитет за интеграција на Република Македонија во колективните системи за одбрана;
  • следење на спроведувањето на СОФА договорот и Основниот договор со техничките анекси, помеѓу Република Македонија и НАТО, за дејствување на НАТО мисии во Република Македонија, во делот од надлежност на Министерството за правда.
  • редовно учество на состаноци на Република Македонија со НАТО Комитетот за политика и планирање;
  • учествува во активностите за реализација на обврските што произлегуваат од Акциониот План за членство во НАТО и во експертски работни групи за усогласување на националното законодавство со актите на НАТО

 

Одделение за човекови права и компаративно-правни анализи

Во Одделението за човекови права и компаративно-правни анализа се вршат следните работи и задачи:

  • активности во насока на подготвување на иницијални, редовни и периодични извештаи за компатибилноста на националното законодавство со ратификуваните меѓународни инструменти, учество во одбраната на извештаите што произлегуваат како обврска од истите;
  • подготвување на извештаи за реализација на обврските што произлегуваат од меѓународните документи за националните малцинства;
  • активности за реализација на препораките од меѓународните организации, дисеминација на релевантните препораки и материјали до надлежните органи и одговорните државни службеници, иницирање и реализирање на национални активности (предлагање на законски решенија или други активности) за имплементација на препораките и следење на нивната имплементација;
  • комуникација со надлежните судови, прибирање на релевантна документација и други активности врз основа на поднесени индивидуални барања против Република Македонија, пред Комитетот за човекови права на ОН;
  • активности за континуирана соработка со меѓународните органи и организации (ООН и СЕ) нивните тела и комитети како и активности за u~estvo vo реализација на програми и проекти;
  • континуирана соработка со СЕ на планот на превенција и борба против трговија со луѓе и имплементација во националното законодавство на мерките и стандардите на СЕ;
  • активности за соработка со невладиниот сектор, и активности за реализација на заеднички проекти и програми;
  • постојано следење на примената на Европската конвенција за човекови права, и други документи за слободите и правата и на нивно имплементирање во националното законодавство и подготвување на извештаи за реализација на обврските;
  • активности за промовирање, воспоставување и унапредување на еднаквите можности во Министерството за правда и координација со Министерството за труд и социјална политика;
  • активности за спроведување на стратегии/акциски планови од областа на недискриминација, еднаквоста, унапредување на правата на лицата со попреченост и сексуалната злоупотреба на деца,
  • активности на следење на меѓународните и домашни стандарди за правда за децата и усогласување на домашниот правен поредок со меѓународните стандарди за правата на детето;
  • изготвување информации и анализи за примената на Законот за правда за децата;
  • соработка со меѓународно организации во областа на правата на децата.

 

Одделение за координација на активностите против корупцијата

Лице за контакт: Елена Димовска - Раководител на Одделението за координација на активностите против корупцијата,
Контакт телефон: 075 388 676 и 3116 123, локал: 256
e-mail: еdimovska@justice.gov.mk

Во Одделението за координација на активностите против корупцијата се вршат следните работи и задачи:

  • координација на работата на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупција и подготовка на извештаи за неговата работа;
  • активности за соработка со Советот на Европа на планот на борбата против корупцијата преку учество во ГРЕКО (Група на држави за борба против корупцијата), следење на имплементацијата на препораките на ГРЕКО, подготвување на материјали и одбрана на Извештаите за оценка;
  • учество во активностите во рамките на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа и други регионални иницијативи и форми на соработка, преземање на активности за реализација на проектите, препораките и декларациите во рамките на овие иницијативи, како и следење на нивната имплементација;
  • континуирана соработка со Канцеларијата на Обединетите Нации за дроги и криминал – UNODC и други агенции на Обединетите Нации на планот на борбата против корупцијата;
  • соработка со Регионалниот совет за соработка (РСС);
  • соработка со Регионалната анти-корупциска иницијатива (РАИ);
  • континуирано следење на анти-корупциската правна рамка на Република Македонија;
  • континуирано следење на меѓународните стандарди и инструменти во областа на борбата против корупцијата и активностите за усогласување на домашното анти-корупциско законодавство со истите;
  • собирање и анализа на статистички податоци за работата на правосудните органи во однос на предметите за корупција;
  • соработка со домашни и меѓународни невладини организации од областа на анти-корупцијата.

Раководител на сектор

Нада Симјаноска

nsimjanoska@justice.gov.mk

 

Во Секторот за меѓународна правна помош се вршат работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на склучување на двострани билатерални договори и мултилатерални конвенции од областа на меѓународна правна помош, водење на постапките за екстрадиција, трансфер на осудени лица, меѓународната правна помош во постапувањето по замолници во кривичната и граѓанската област, постапки за алиментациони побарувања, постапки за признавање и извршување на странски судски и арбитражни одлуки, и др.

 

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

  • Одделение за меѓународна правна помош во кривична материја;
  • Одделение за меѓународна правна помош во граѓанска материја;

 

Одделение за за меѓународна правна помош во кривична материја

Лице за контакт: Гордана Милевска - Раководител на Одделението за меѓународна правна помош во кривична материја
e-mail: gmilevska@justice.gov.mk


Во Одделение за за меѓународна правна помош во кривична материја се вршат следните работи и задачи:

  • вршење на работите на екстрадиција;
  • вршење на работите по предметите за трансфер на осудени лица, македонски државјани, кои издржуваат казна затвор во казнено-поправните установи на странски држави и на странски државјани кои издржуваат казна затвор во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија ;
  • известување за притвор на странски државјани во Република Северна Македонија и давање на одобрение за посета, како и за известување за притвор на македонски државјани во странски држави;
  • соработка со Министерството за внатрешни работи, Казнено-поправните установи и ИНТЕРПОЛ во врска со лица кои се наоѓаат во екстрадиционен притвор и на издржување казна затвор;
  • водење на статистика по предметите од екстрадиција и трансфер на осудени лица;
  • постапување по замолници на домашните и странските судови во укажувањето на правна помош во кривичните предмети за казнена евиденција, во кривични предмети за кривично гонење и во кривичните предмети за отстапување на списи;
  • вршење на работите во изготвувањето и склучувањето на двостраните договори во областа на меѓународната правна помош и следење на нивната примена;
  • следење на ратификуваните конвенции, заради нивна имплементација при постапување по предметите од меѓународна правна помош;
  • следење и примена на Европската конвенција за екстрадиција, Европската конвенција за трансфер на осудени лица и Европската конвенција за правна помош во кривичната материја со дополнителните протоколи;
  • изготвување на извештаи и анализаи за Претседателот, Собранието и Владата на Република Северна Македонија од областа на меѓународната правна помош;
  • соработка со дипломатско-конзуларните претставништва во Република Северна Македонија и дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странски држави во меѓународна правна помош;
  • вршење прием, распоредување и заведување на пошта од областа на меѓународната правна помош согласно програмот LURIS;
  • ракување со печати и штембили, вршење на административни и тековни работи и архивирање на предмети од меѓународната правна помош.



Одделение за постапување по замолници во граѓанска материја

Во Одделението за постапување по замолници во граѓанска материја се вршат следните работи и задачи:

  • постапување по замолници на домашните и странските судови во укажувањето на правна помош во граѓански предмети за врачување;
  • постапување по замолници на домашните и странски судови во укажувањето на меѓународна правна помош во граѓанските предмети за сослушување;
  • постапување по замолници на домашните и странски судови во укажувањето на меѓународна правна помош за признавањето и извршувањето на странските судски одлуки во граѓански предмети;
  • постапување по замолници на домашните и странски судови во укажувањето на меѓународна правна помош за признавањето и извршувањето на странските арбитражни одлуки во граѓански предмети;
  • давање на мислење за прашања во врска со реципроцитет на странски државјани во Република Северна Македонија;
  • постапување по предмети кои се однесуваат на алиментациони побарувања, согласно Њујоршката конвенција за алиментациони побарувања;
  • водење статистика по граѓанските предмети;
  • вршење на работите во изготвувањето и склучувањето на двостраните договори во областа на меѓународната правна помош и следење на нивна правилна примена;
  • следење на ратификуваните конвенции, заради нивна имплементација при постапување по предмети од меѓународна правна помош во граѓанската материја;
  • следење и примена на Хашките конвенции од областа на меѓународно приватно право каде централен орган се јавува Министерството за правда;
  • изготвување на извештаи и анализи за Претседателот, Собранието и Владата на Република Северна Македонија од областа на меѓународната правна помош;
  • соработка со дипломатско-конзуларните претставништва во Република Северна Македонија и дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија во странски држави при меѓународна правна помош;
  • прием, распоредување и заведување на пошта од областа на меѓународната правна помош.

 

Во Секторот за Европска унија се вршат работите од делокругот на Министерството што се однесуваат на остварување на процесот на европска интеграција меѓу Република Македонија и Европската унија.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

  • Одделение за преговори и интеграција;
  • Одделение за ИПА проекти.

 

Одделение за преговори и интеграција

Лице за контакт: Бојана Босилкова - Раководител на Одделение за преговори и интеграција
Контакт телефон: 075 388 746 и 3116 123, локал: 242
e-mail: bbosilkova@justice.gov.mk

Во Одделението за преговори и интеграција се вршат следните работи и задачи:

  • активности за реализација на обврските кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) предвидени во Глава VII Правда и внатрешни работи во правец на приближување на националното законодавство кон законодавството на Европската унија (ЕУ) и приоритетите од Европското партнерство;
  • континуирани активности во насока на планирање, подготовка, следење и известување за имплементација на Националната програма за усвојување на правото на Европска унија (НПАА) Поглавје 23 и ажурирање на матрицата;
  • Подготовка, координација и учество на координација на состаноците на Поткомитетот за Правда, Слобода и безбедност, како и поддршка на Комитетот за стабилизација и асоцијација, Совет за стабилизација и асоцијација и другите тела за спроведување на процесот на европска интеграција;
  • Подготовка на Придонес кон Извештајот за напредокот на Европската комисија за остварениот напредок во областите од Поглавјето 23, како и ажуриран придонес кон Извештајот, анализа на препораките и наоди нотирани во Извештајот за напредокот и ја следи имплементацијата на препораките;
  • поддршка во подготовка на преговарачките позиции за преговори со Европската унија во областите на acquis communiatire;
  • поддршка и стручна помош во процесот на проверка и анализа на усогласеноста на националното право со правото на ЕУ (screening) за поглавјето 23 и други обврски согласно Одлуката на Владата на РМ за образување на работни групи за подготовка на НПАА на ЕУ и подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство за ЕУ;
  • Координација и подготовка на Патоказот за Владеење на правото од Кластер 1 Фундаменти;
  • активности во процесот на подготовка на Извештајот на Европската Комисија за Владеење на правото (Rule of Law Report);
  • координација на активностите за имплементација на Реформската агенда за периодот 2024-2027 година во Област 5 Владеење на правото;
  • Координација, подготовка на материјали и учество на ЕУ – Западен Балкан состанок на раководни државни службеници (EU -Western Balkans Senior Officials Meeting);
  • Координација, подготовка на материјали и учество на ЕУ- Западен Балкан Министерски форум за правда и внатрешни работи;
  • Координација на Оценски мисии, спроведени од независни експерти, ангажирани од Европската комисија, за детална анализа и оценка на одредени области опфатени со правосудната реформа и следење на имплементација на препораките од извештаите на истите;
  • поддршка во подготовка на барања за техничка помош и реализација на TAIEX инструментот во областа на приближување и спроведување на ЕУ правото;
  • учество на Поткомитетот на РКЕИ;
  • соработка со Министерството за европски прашања, ДЕУ, ЕК и други релевантни домашни, европски и меѓународни институции со невладиниот сектор за прашања од надлежност на секторот и соработка со другите сектори;
  • одговара за навремено, законито и квалитетно извршување на работите и задачите; врши и други работи и задачи што ќе му бидат доверени;
  • учествува во работата на работни тела на Владата на Република Македонија за прашања од областа на Европската унија;
  • координација помеѓу надлежните институции во правец на приближување на националното законодавство кон законодавството на ЕУ и приоритетите на Европското партнерство;
  • подготвување на анализи, извештаи, информации, оценки, мислења за реализација на обврските од ССА и Европско партнерство и другите активности за пристапување во ЕУ;
  • други работи поврзани со процесот на европска интеграција.



Одделение за ИПА проекти

Лице за контакт: Самир Ракипи - Раководител на Одделение за ИПА проекти
Контакт телефон: 071-223-155 и 3116 123, локал: 243
e-mail: srakipi@justice.gov.mk

Во Одделението за ИПА проектите се вршат следните работи и задачи:

  • Програмирање, техничка имплементација, мониторинг и евалуација (на ниво на проект) согласно процедурите и обврските утврдени во Прирачникот за внатрешни постапки на Вишиот програмски службеник за ТАИБ ИПА 1 (SPO Manual of Procedures), како и согласно Прирачникот за постапки на работа на ИПА Координаторите за ИПА 2 Упатства за националните институции во однос на ИПА помошта во директно управување и/или индиректно управување од страна на субјекти кои не се националните органи за ИПА 2 и ИПА 3, Упатството за спроведување на програмите за надлежните министерства/институции корисници, Прирачникот за програмирање од НИПАК, и Прирачникот за мониторинг на НИПАК, ПРАГ и останатите документи,
  • целосно имплементирање на обврските предвидени во Оперативниот договор;
  • воспоставување на информационен систем со податоци за проекти (Database);
  • чување на целата документација поврзана со проектот во рок од 7 години по завршувањето на ИПА проектот;
  • подготвување на проектни задачи (ToR), техничка спецификација за тендерското досие во соработка со ДЕУ;
  • континуирано следење на степенот на извршување на проектите и доставување на извештаи;
  • подготвување на годишни и финални извештаи за оперативната програма;
  • предвидување и оценка на ризик на ефектите од исполнувањето на Оперативната програма ;
  • активности за учество во програмите и агенциите на Европската Унија;
  • соработка со Секретаријатот за европски прашања, Национален координатор за странска помош (НКСП), Комитетот на министри за координација на странска помош (КМКСП), со Министерството за финансии (МФ), Централната единица за контактирање и финансирање (ЦФЦ), Националниот фонд (НФ) и другите надлежни органи и соработка со службите на Европската Комисија задолжена за програмите за Република Македонија;
  • вршење на други работи поврзани со странска помош.

Раководител на сектор

Јулијана Лефковска

075/458-496 и 02 3 116 123 локал:---;
julijana.lefkovska@justice.gov.mk

Во Секторот за општи работи се вршат работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на јавни набавки, преводи, лекторирање и јазична редакција и техничка и стручна поддршка.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

  • Одделението за координација на работите на министерот.
  • Одделение за јавни набавки.
  • Одделение за преводи, лекторирање и јазична редакција;
  • Одделение за општи работи;

 

 

Одделение за координација на работите на министерот

Во Одделението за координација на работите на министерот се вршат следните работи и задачи:

  • работи и задачи од делокругот на министерот;
  • постапување по претставки на граѓани доставени до министерот;
  • вршење на работи од меѓународната соработка и коресподенција на министерот;
  • вршење протоколарни работи, планирање на дневни задолженија, подготвување и закажување на средби на министерот, подготвување на говори и излагања;
  • средување и чување на документација за седници на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија и нивните работни тела;
  • вршење на организациско-технички и протоколарни работи.
  • остварување и контакти со средствата за јавно информирање и организирање на средба и со претставниците на медиумите и на информативните гласила;
  • следење на средствата за јавно информирање;
  • следење и анализа на јавното мислење;
  • советување на министерот за решавање на најсложени работи и за остварување на програмата за работа на Министерството во делот на уставното уредување и кривичното и граѓанското законодавство;
  • иницирање и предлагање ставови по начелни прашања од надлежност на Министерството, а кои се однесуваат на уставното уредување, кривичното и граѓанското законодавство;
  • следење на состојбата и проблемите од областа на уставното уредување и кривичното и граѓанското законодавство;
  • проценување и оценување на односите во рамките на сеопфатната политика од надлежност на Министерството;
  • советување на министерот и давање стручни мислења и коментари во врска со активности и иницијативи во областа на уставното уредување и кривичното и граѓанското законодавство.



Одделение за јавни набавки

Лице за контакт: Марина Миновска – Раководител на одделение
Контакт тел: 071/866-942 и 02 3 116 123 локал: 446;
e-mail: mminovska@justice.gov.mk

Во Одделението за јавни набавки се вршат следните работи и задачи:

  • следење и примена на законската регулатива од областа на јавните набавки;
  • подготовка на интерни акти/процедури за јавни набавки;
  • координација на потребите за јавни набавки во Министерството и подготовка на годишен план за јавни набавки;
  • следење на извршувањето на годишниот план за јавни набавки;
  • подготовка на решенија/одлуки за јавна набавка и договори и барања согласности за јавни набавки;
  • подготовка на огласи за јавни набавки и тендерска документација;
  • водење евиденции на јавните набавки што се вршат во Министерството по видови на постапки и евиденции на другите набавки по видови;
  • изготвување договори за јавните набавки;
  • изготвување и следење на реализацијата на порачките согласно склучените договори за јавни набавки.



Одделение за преводи, лекторирање и јазична редакција

Лице за контакт: Фазиле Ајрулахи-Зеќири - Советник-преведувач од албански јазик
Контакт телефон: 075 388 704 и 3116 123, локал: 407
e-mail: fajrulahu@justice.gov.mk

Во Одделението за преводи, лекторирање и јазична редакција се вршат следните работи и задачи:

  • лекторирање и јазична редакција при изготвувањето на законски проекти, други прописи и акти;
  • вршење на преводи на текстови на правни акти и информативни и други материјали од англиски јазик и други светски јазици на македонски јазик и обратно и водење на регистар на преводите;
  • вршење на преводи на текстови на правни акти и информативни и други материјали од албански и англиски јазик на македонски јазик и обратно.



Одделение за општи работи и поддршка

Лице за контакт: Арсим Нуредин – Раководител на одделение
Контакт тел: 075/369-061 и 02 3 116 123 локал: 447;
e-mail: anuredini@justice.gov.mk

Во Одделението за општи работи се вршат следните работи и задачи:

  • стручна, административна поддршка
  • техничка поддршка;
  • остварување на правото за слободен пристап до информации;
  • ажурно чување и водење на библиотеката и библиотечниот фонд.

 

Во Секторот за финансиски прашања се вршат работи од делокругот на министерството што се однесуваат на буџетска координација и контрола на средствата и сметководствено-финансиско работење.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

  • Одделение за буџетска координација;
  • Одделение за буџетска контрола;
  • Одделение за сметководство и плаќање.

 

Одделение за буџетска координација

Во Одделението за буџетска координација се вршат следните работи и задачи:

  • координирање процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола;
  • вршење работи кои се однесуваат подготвување, изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план во делот на финансиите;
  • давање предлози за воспоставување/укинување на ex ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси од областа на финансиското управување и контрола;
  • задолжително давање мислење по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во Министерството и на други органи кои би можеле да имаат финансиски импликации за буџетот на Министерството;
  • изготвување на план за воспоставување на финансиското управување и контрола, како и методологија за спроведување на планот кои ги одобрува министерот;
  • следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење;
  • оценува дали предлог буџетот за наредната година добиени од раководителите на организационите единици се во согласност со насоките од Секторот за финансиски прашања и Министерството за финансии;
  • подготвување на извештај за реализирани програми, проекти и договори;
  • подготвување на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола;
  • подготвува решение/ја за внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет;
  • вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиското управување и контрола;
  • подготвување на Годишниот финансиски извештај согласно Законот за јавна внатрешна контрола
  • анализа и контрола на одобрените средства во буџетот/финансискиот план пред преземањето на обврските.



Одделение за буџетска контрола

Лице за контакт: Лидија Јосимовса
Контакт телефон: 071 388 710 и 3116 123, локал: 441
e-mail: ljosimovska@justice.gov.mk

Во Одделението за буџетска контрола се вршат следните работи и задачи:

  • следење на времено и целосно прибирање на приходите;
  • контрола на извршувањето на буџетот;
  • следи навремено плаќање на расходите во согласно со процедурите за преземање на обврските и извршување на плаќање;
  • контрола на извршувањето на утврдените политики и оперативното управување (надзор над целокупниот процес на финансиското управување и контрола);
  • ја следи усогласеноста на извршувањето на буџетот во целост или за одделни буџетски ставки со процедурите донесени од раководителот на субјектот или министерот за финансии
  • ја следи ефективноста на буџетската контрола што ја спроведуваат раководителите при управувањето со сопствениот дел од буџетот, при што обезбедува дали: одобрените буџети не се надминати, пренамената помеѓу буџетските ставки со вршат согласно на целите и/или намената и буџетските ставки се извршуваат во годината за која се планираат;
  • следење на буџетското и финансиското известување;
  • советување и поттикнување на раководителите да спроведат ефективно, ефикасни, уредно, проверливо и целосно финансиско управување и контрола;
  • спроведува контрола на ревизорска трага воспоставена од раководителите на субјектот;
  • следење на реализацијата на договорите за јавни набавки и спроведување ex post финансиска контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација со која се врши плаќање на истите;
  • изготвување на информации и извештаи за извршувањето на буџетот;
  • следење и примена на законската регулатива (закони, подзаконски акти, прописи, стандарди упатства) од областа на финансиското управување и контрола;
  • контрола на расположливоста на планираните средства во буџетот/финансискиот план пред преземањето на обврските.



Одделение за сметководство и плаќање

Лице за контакт: Фљутра Реџепи - Раководител на одделение
Контакт телефон: 071 223 014 и 3116 123, локал: 428
e-mail: frexhepi@justice.gov.mk

Во Одделението за сметководство и плаќање се вршат следните работи и задачи:

  • сметководствено евидентирање на основните средства на субјектот, евидентирање и наплата на побарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски;
  • спроведување на сметководствено евидентирање за извршување на буџетот/финансискиот план и подготвувањето на годишна сметка (биланс на состојба, биланс на приходите и расходите, контролиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи);
  • воспоставува ревизорска трага односно документарен тек на финансиски и други трансакции од нивниот почеток до крај;
  • изготвување месечни финансиски извештаи за реализација на извршувањето на буџетот по организациони единици согласно решението за внатрешна распредлба на буџетот по програми и ставки;
  • врши заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба;
  • ex ante сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето, согласно пишаните процедури за сметководствените процеси;
  • изготвува налози за плаќање, секојдневно водење на благајнички работи и трезор, како и пресметка и исплата на платите на вработените
  • спроведува навремено, точно и целосно евидентирање на плаќања во финансиско сметководство
  • буџетско и финансиско известување по сметки.

Раководител на сектор

Помошник раководител на секторот: Владимир Јанковски

075-402-581 и 3116 123, локал: 107
vjankovski@justice.gov.mk

 

Во Секторот за извршување, нотаријат и медијација се вршат работи од делокругот на Министерството кои се однесуваат на работата на извршителите, нотарите и медијаторите и нивните Комори.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

  • Одделение за извршување;
  • Одделение за нотаријат и медијација.

 

Одделение за извршување

Зулфи Адили - Раководител на одделение
Контакт телефон: 072/214-493, 3116 493 и 3116 648, локал:
e-mail: zadili@justice.gov.mk

Во Одделението за извршување се вршат следните работи и задачи:

  • подготвување на предлози за донесување на закони и изготвување на подзаконски акти и други прописи и општи акти од областа на извршувањето;
  • изготвување на извештаи, мислења, анализи, осврти, информации, евиденции и други материјали што се однесуваат на извршувањето и работата на извршителите;
  • вршење редовен и вонреден надзор над работата на извршителите и Комората на извршители;
  • вршење увид на лице место на списите, книгите и предметите, целокупната евиденција која се води, ажурноста на извршувањето, надзор на примената на одредбите од Законот за извршување и подзаконските акти пропишани од Министерот за правда;
  • изготвување на записници и извештаи за извршените надзори и предлози за поведување на дисциплинска постапка против извршители;
  • учество во изготвувањето на прирачници и стандарди за работа од страна на Комората на извршители;
  • водење евиденција на извршителите, замениците извршители и помошниците на извршителите;
  • припрема на документацијата за објавување на конкурси за именување на извршители;
  • изготвување акти за именување и престанок на должноста на извршителите;
  • изготвување повелби за именуваните извршители;
  • именување на заменици извршители;
  • издавање на легитимации на извршителите;
  • давање техничка поддршка на Комисијата за полагање на испитот за извршители и водење евиденција на лица кои го положиле испитот за извршители.

Контакт лицe за прашања од делот на извршување:

Александра Попоска – Советник во Одделението за извршување
Контакт телефон: 3116 493 и 3116 648, локал:157
e-mail: apoposka@justice.gov.mk

Ана Стојова – Помошник раководител на Сектор
Контакт телефон: 3116 493 и 3116 648, локал:156
e-mail: astojova@justice.gov.mk

 

Одделение за надзор на работите на нотарите и медијаторите

Лице за контакт: Лидија Којчева - Раководител на одделение:
Контакт телефон: 075/402-582 и 3116 493 и 3116 648, локал:151
e-mail: lkojceva@justice.gov.mk

Во Одделението за нотаријат и медијација се вршат следните работи и задачи:

  • подготвување на предлози за донесување на закони, изготвување на подзаконски акти и други прописи и општи акти од областа на нотаријатот и медијацијата;
  • изготвување на извештаи, мислења, анализи, осврти, информации, евиденции и други материјали што се однесуваат на нотаријатот и работата на нотарите и медијацијата;
  • вршење надзори над работата на нотарите и надзор над работата на Нотарската комора;
  • вршење преглед на книги, уписници, именици, списи, предмети, архивите на нотарите, целокупната евиденција на нотарите, со цел обезбедување на усогласеност на нотарите во вршењето на нотарската служба согласно со одредбите од Законот за нотаријатот;
  • изготвување на записници и извештаи за извршените надзори, предлагање на мерки за отстранување и санкционирање на утврдените незаконитости во работењето на нотарите и Нотарската комора и изготвување на предлози за поведување на дисциплинска постапка против нотарите;
  • водење на евиденција на лица кои го положиле нотарскиот испит и испитот за медијатори;
  • давање техничка поддршка на Комисијата за полагање на нотарскиот испит и водење на евиденција на положени кандидати;
  • припремање на документацијата за објавување на конкурси за изменување на нотари;
  • изготвување повелби за именувани нотари;
  • изготвување акти за именување и престанок на работењето на нотарите;
  • изготвување акти за именување и престанок на помошници нотари и заменици нотари;
  • вршење надзор над работата на Комората на медијаторите и изготвување на записник за извршениот надзор, предлагање на мерки за отстранување и санкционирање на утврдените неправилности во работењето на Комората на медијатори;
  • водење Регистар за евиденција на постапките за медијација.

Kонтакт лица за прашања од делот на нотаријатот и медијацијата:

Славица Велкоска - Советник во Одделението за нотаријат и медијација.
Контакт телефон: 075/388-706 и 3116 493 и 3116 648, локал:158
e-mail: svelkoska@justice.gov.mk

Мирјана Лазова – Виш соработник во Одделението за нотаријат и медијација.
Контакт телефон: 3116 493 и 3116 648, локал:
e-mail: mlazova@justice.gov.mk

 

 

Во Секторот за бесплатна правна помош и политички систем се вршат работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на бесплатната правна помош, политичките партии, здруженијата, изборниот систем, вршењето на работите што не спаѓаат во надлежност на друг орган на државна управа.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

  • Одделение за бесплатна правна помош;
  • Одделение за политички систем;
  • Подрачно одделение 21 и 10 - п.о.канцеларии

 

 

Одделение за бесплатна правна помош

Лице за контакт: Весна Цекова - Раководител на одделение
Контакт телефон: 071-221-588 и 3116 123, локал: 451
e-mail: vcekova@justice.gov.mk

Во Одделението за бесплатна правна помош се вршат следните работи и задачи:

  • подготвување на предлози на закони и други прописи во врска со давањето на бесплатната правна помош;
  • изготвување извештаи, анализи, осврти, информации и други материјали за Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија, и други органи, што се однесуваат за давањето на бесплатната правна помош;
  • водење евиденција на примени барања за бесплатна правна помош;
  • водење на регистри на адвокати, здруженија и правни клиники
  • подготвување на обрасци и други материјали за потребите на подрачните одделнија за давањето на бесплатната правна помош;
  • подготвување решенија за запишување во регистарот на адвокати и во регистарот на здруженијата и правни клиники
  • изготвување решенија за исплата на надомест на адвокати, здруженија и правни клиники
  • изготвува Годишен извештај за работата на Одделението за бесплатна правна помош и Подрачните одделенија
  • одлучува по приговор против известување за одбиено барање
  • работи предмети во второстепена управна постапка (одговор на тужба, одговор на жалба, и решенија во повторна постапка по одлука на Управен или Виш Управен суд)
  • изготвува решенија во постапка по баратели на азил
  • следење на состојбите во областа за давањето на бесплатна правна помош и унапредување на методот на работа; и
  • врши други работи определени со закон и друг акт, а се однесуваат на бесплатната правна помош.



Одделение за политички систем

Лице за контакт: Рилинда Мемети - Раководител на одделение
Контакт тел: 078 28 08 39 и 02 3 116 123 локал: 412
e-mail: rilinda.memeti@justice.gov.mk

Во Одделението за политички систем се вршат следните работи и задачи :

  • подготвување на законски и други прописи од делокругот на изборниот систем, референдумот и другите форми на непосредно учество на граѓаните;
  • подготвување на предлози на закони и други прописи во врска со изборниот систем, референдумот и други облици на непосредно изјаување на граѓаните, верските заедници, како и за собирање на потписи на избирачи за донесување закон и за поднесување на предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија;
  • подготвување на предлози на закони и други прописи поврзани со формирање, организација, функционирање и финансирање на политичките партии; подготвување на нацрти и предлози на закони и други прописи поврзани со организацијата и формирањето на здруженија и фондациите;
  • подготвување извештаи, анализи, осврти, информации и други материјали за Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија, и други органи што се однесуваат за политичките партии, здруженијата, фондациите и верските заедници;
  • подготвување и издавање одобренија за употреба на државни симболи и изрази кои означуваат име на историски лица и места, на националност, државата и нејзините кратенки, општина во Република Македонија или Градот Скопје;
  • постапување по барања согласно Законот за донации и спонзорсва;
  • врши други работи определени со закон и друг акт.
 

Подрачно одделение (34)

Листа на подрачни одделенија, одговорно лице, мобилни телефонски броеви и маил адреси

 Во подрачните одделенија се вршат следните работи и задачи :

  • комплетирање на документацијата по барања за бесплатна правна помош;
  • давање предходна правна помош;
  • водење евиденција на примени барања за бесплатна правна помош;
  • водење евиденција за доставени барања до други органи;
  • информирање граѓаните за користење на бесплатна правна помош;
  • врши други работи определени со закон и друг акт.

 

Раководител на сектор

Марија Митановска-Димовска

Контакт телефон: 3116 123, локал: 301

моб: 070 522 350

е-маил: Marija.Dimovska@justice.gov.mk

Во Секторот за управување со човечки ресурси, стратешко планирање и креирање на политики се вршат работи од делокругот на управувањето со човечките ресурси, остварувањето на правата обврските и одговорностите на вработените, стратешкото планирање и годишната програма за работа на Министерството и следењето на нивната реализација.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

  • Одделение за управување со човечки ресурси;
  • Одделение за стратешко планирање  

 

Одделение за управување со човечки ресурси

Контакт телефон: 3116 123,  локал: 

 Во Одделението за управување со човечки ресурси се вршат следните работи и задачи :

  • проучување и единствена примена на законите и подзаконските акти во врска со остварувањето на правата, обврските и одговорностите на вработените;
  • изготвување поединечни акти во врска со остварувањето на правата, обврските и одговорностите на државните службеници и другите вработени и давање мислења и упатства по истите;
  • изготвување на акти за внатрешна организација и систематизација на работните места;
  • организирање и спроведување на постапката за вработување;
  • организирање и спроведување на постапката за оценување на вработените;
  • планирање, евиденција и следење на обуката, стручното оспособување и усовршување на државните службеници, вработени во Министерството;
  • подготвување и стручна и аналитичка обработка на податоци заради градење на стратегија и концепт за вработувањето во Министерството за правда;
  • прибирање на анкетните листови за пријавување на имотната состојба и изјавите за судир на интереси на вработени;
  • водење и ажурирање на евиденција на анкетните листови за пријавување на имотната состојба и изјавите за судир на интереси на вработени.



Одделение за стратешко планирање

Раководител на одделение: Валбона Марку Зулбеари

e-mail: valbona.mzulbeari@justice.gov.mk

Во Одделението за стртешко планирање се вршат следните работи и  задачи:

  • дефинирање и утврдување на стратешките цели на Министерството;
  • организација, координација со секторите во Министерството и изготвување на стратешкиот план на Министерството за правда;
  • остварување соработка со надлежните органи во процесот на изготвувањето на стратешкиот план;
  • следење на степенот на реализација на стратешкиот план на Министерството;
  • изготвување анализи и информации за резултатите од остварувањето на стратешките приоритети, како основа за изготвувањето на стратешкиот план за наредната година;
  • проучување и единствена примена на законите и подзаконските акти во врска со стратешкото планирање;
  • организација, координација и изготвување на годишната програма за работа на Министерството за правда;
  • обединување на програмите за работа на организационите облици;
  • следење на степенот на реализација на годишната програма за работа на Министерството;
  • организација, координација и изготвување на предлог-иницијативите на Министерството за правда за годишната програма за работа на Владата на Република Македонија;
  • следење на степенот на реализација на годишната програма за работа на Владата на Република Македонија во делот на Министерството за правда.

 

Раководител на сектор

Контакт телефон:  3116 123, локал: 

 Во Секторот за информатички и комуникациски технологии се вршат работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на информатичките и комуникациските технологии.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

  • Одделение за развој и апликативна поддршка;
  • Одделение за техничка поддршка;

 

Одделение за развој и апликативна поддршка

Раководител на одделение: Ацо Живковски

Контакт телефон: 3116 493,  локал: 759   Моб: 075 388689

e-mail: azivkovski@justice.gov.mk

 Во Одделението за развој и апликативна поддршка се вршат следните работи и задачи :

  • креирање и изработка на номенклатури за Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија и казнено-поправните установи;
  • соработка и координација во вршењето на работите со Центарот за ИТ во Врховниот суд на Република Северна Македонија, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Северна Македонија, Советот на јавни обвинители и казнено-поправните установи ;
  • изработка на стратегии за развој, надградба на системот и ИТ сигурност;
  • изработка на проекти врз основа на стратешки документи на секторот за ИКТ;
  • припремање на e-learning модулите за стручно усовршување на вработените во Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија  и казнено-поправните установи;
  • развој и имплементација на софтверски решенија во рамките на правосудство;
  • планирање, евалуација и имплементација на физичка и информатичка сигурност;
  • дефинирање и заштитан а кориснички профајли, лозинки и back-up фолдери за Министерството за правда;
  • дефинирање на back-up процедури,кога, во кој временски интервали и каде и на кои локации ќе се чуваат заштитите;
  • координација и меѓусебна заштита на дата база на податоци и back-up со Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и казнено-поправните установи;
  • давање поддршка и координирање на работење на апликациите кои се употребуваат во Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители  и казнено-поправните установи;
  • давање поддршка на имплементацијата на апликации кои развојно и стратешки би се употребувале во работата на Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители  и казнено-поправните установи; 
  • организирање размена на податоци со владините институции, правосудните органи и други субјекти на други земји ;
  • обезбедување сигурност, точност и употребливост на податоците;
  • вршење анализа и водење статистика во областа на правосудната статистика, воведување и подржување на податочното складирање, анализирање и доставување податоци до надлежните организациони облици во Министерството за правда, давање поддршка на имплементацијата на апликации кои развојно и стратешки би се употребувале во работата на Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители  и казнено-поправните установи. 



Одделение за техничка поддршка

Лице за контакт: Теута Бериша - Советник за комуникациска инфраструктура

Контакт телефон: 3116 123,  локал: 755

  Моб: 071-224-452

e-mail: Teuta.Berisha@justice.gov.mk

Во Одделението за техничка поддршка се вршат следните работи и задачи:

  • мониторинг, евалуација и имплементација на софтверски апликации во Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и казнено-поправните установи;
  • координација и меѓусебна заштита на дата база на податоци и back-up со Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и казнено-поправните установи;
  • организирање размена на податоци со владините институции, правосудните органи и други субјекти на други земји;
  • обезбедување сигурност, точност и употребливост на податоците;
  • вршење анализа и водење статистика во областа на правосудната статистика, воведување и подржување на податочното складирање, анализирање и доставување податоци до надлежните организациони облици во Министерството за правда, давање поддршка на имплементацијата на апликации кои развојно и стратешки би се употребувале во работата на Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители  и казнено-поправните установи;
  • планирање, избор, имплеметација и одржување на мрежни уреди, сервери, персонални компјутери;
  • планирање, избор, имплементација и одржување на уреди за ИТ сигурност и сите други работи поврзани со ИТ сигурност;
  • планирање, избор, инсталација и одржување на софтверски компоненти;
  • обезбедување сигурност на ИТ мрежата, комуникацијата помеѓу организационите единици и комуникацијата со други институции;
  • планирање, евалуација и имплементација на физичка и информатичка сигурност;
  • мониторинг, архивирање, чување и враќање на податоци.
  • дефинирање и заштита на кориснички профајли, лозинки и back-up фолдери за Министерството за правда;
  • координација и меѓусебна заштита на дата база на податоци и back-up со Министерството за правда, судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и казнено-поправните установи.

Во одделението за внатрешна ревизија се вршат следните работи и задачи:

  • планирање и извршување на ревизија согласно законските прописи за внатрешна ревизија;
  • утврдување на точноста, вистинитоста и сеопфатноста на сметководствените податоци во финансиско-материјалното работење во Министерството за правда и во органите во состав:
  • утврдување и оценување на економичноста, ефикасноста и сеопфатноста во работењето на системот на финансиско управување и обезбедување на препораки за подобрување на работењето;
  • изготвување на извештаи и наоди за министерот врз основа на извршената ревизија.

Мени за пристапност