Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Судски преведувачи

Судските преведувачи се лица поставени на неопределено време, кои преведуваат говор и писмен текст од македонски јазик на странски јазик и од странски на македонски јазик. Постојаните судски преведувачи поставени од Министерот за правда, преведуваат по барање на судот, државен орган, друга институција или граѓани.


Министерството за правда ја спроведува постапката за поставување на судски преведувачи во согласност со Законот за судовите („Службен весник на РМ" бр.58/06, 62/06, 35/08 и бр.150/2010) и Судскиот деловник („Службен весник на РМ" бр.66/13), на начин и под услови утврдени со членовите од 32 до 59. Министерот за правда, со решение поставува судски преведувачи и води Именик.
 
Услови што треба да ги исполнува кандидатот за поставување судски преведувач се:
  • да има државјанство на Република Македонија,
  • активно да го владее македонскиот јазик,
  • да има високо образование,
  • да има уверение за активно владеење на странскиот јазик и
  • да има живеалиште, односно престојувалиште на подрачјето на судот за коешто бара да биде поставен за судски преведувач.
Проверката на знаењето се врши писмено и усно.
 
Огласот за проверка на знаењето на странски јазик се објавува два пати во годината во дневни весници и на WEB страницата на Министерството за правда www.pravda.gov.mk 
 
 
Други информации поврзани со постапката за спроведување на проверката на знаењето на странски јазик, може да се добијат од Анета Тошевска, секретар на Комисијата на телефон 3116-493 локал 223 како и на e-mail: atosevska@mjustice.gov.mk 

Мени за пристапност