Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Испит за судски преведувачи

Судските преведувачи се лица поставени на неопределено време, кои преведуваат говор и писмен текст од македонски јазик на странски јазик и од странски на македонски јазик. Постојаните судски преведувачи поставени од Министерот за правда, преведуваат по барање на судот, државен орган, друга институција или граѓани.
Министерството за правда ја спроведува постапката за поставување на судски преведувачи во согласност со Законот за судовите („Службен весник на РМ" бр.58/06, 62/06, 35/08  150/2010 и 83/18) и Судскиот деловник („Службен весник на РМ" бр.66/13 и 114/14), на начин и под услови утврдени со членовите од 32 до 59.
Министерот за правда, со решение поставува судски преведувачи и води Именик.

Испитите се спроведуваат два пати во текот на една календарска година и тоа:

- Априлска испитна сесија за која огласот се објавува во текот на месец март и

- Октомвриска испитна сесија за која огласот се објвавува во текот на месец септември. 

Огласот се објавува во два дневни весници (од кои едниот е на албански јазик) и на веб страницата на Министерството за правда и трае 15 дена од денот на објаувањето. Во овој рок кандидатите треба до архивата на Министерството за правда да достават барање (формуларот се објавува со огласот) со потребната документација и уплатници.

Барањето и документите со уплатниците може да се достват и по пошта. 

За сите информации околу спроведувањето на испитот, по завршувањето на пријавувањето кандидатите се известуваат на нивните електронски адреси како и на веб страницата на Министерството за правда во делот за судски преведувачи.

Испит за судски преведувачи

Комисија за проверка на знаењето на кандидатите за постојани судски преведувачи:

Претседател: Јулијана Лефковска, раководител на сектор

Заменик претседател: Марија Митановска Димовска, раководител на сектор

 

Секретар: Анета Тошевска, раководител на одделение

Заменик секретар: Марија Стојковска, самостоен референт

 

Други информации поврзани со постапката за спроведување на проверката на знаењето на странски јазик, може да се добијат од:

Анета Тошевска Јулијана Лефковска
3116-493 локал 116  3116-493 локал 362
atosevska@justice.gov.mk  jlefkovska@justice.gov.mk 

 

Услови што треба да ги исполнува кандидатот за поставување судски преведувач се:
- да има државјанство на Република Македонија,
- активно да го владее македонскиот јазик (за кандидатите кои своето образование го стекнале во странство познавањето на македонскиот јазик го докажуваат со диплома од средно или основно образование или потврда/уверение издадено од школска установа во Република Македонија која држи часови за македонски јазик (на пример: Филолошки факултет, Работнички универзитет и слично),

- да има високо образование (доколку е завршено во странство дипломата треба да е нострифицирана од страна на Министерството за образование и наука)
- да има уверение за активно владеење на странскиот јазик (овој доказ не е потребен доколку кандидатот има завршено високо образование за соодветниот јазик)  и

- да има живеалиште, односно престојувалиште на подрачјето на судот за коешто бара да биде поставен за судски преведувач (се докажува со фотокопија од лична карта/пасош или потврда издадена од МВР).


Проверката на знаењето се врши писмено и усно.


Огласот за проверка на знаењето на странски јазик се објавува два пати во годината во дневни весници и на WEB страницата на Министерството за правда www.pravda.gov.mk

 

 

Мени за пристапност