Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, усвоена во октомври 2003 година со Резолуцијата 58/4 на Генералното собрание на Обединетите нации, претставува единствен обврзувачки глобален анти-корупциски меѓународен инструмент.
Конвенцијата е потпишана од страна на Република Македонија, на 18-ти август 2005 година, и истата е ратификувана во април 2007 година и е во сила од 13-ти мај 2007 година.
Механизмот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата е утврден и се спроведува согласно член 63 од Конвенцијата и Резолуцијата 3/1 усвоена од Конференцијата на државите-страни на Конвенцијата на 13 ноември 2009 година.
Прегледот на имплементацијата на Конвенцијата е процес на меѓу-државен преглед кој им помага на државите-страни ефективно да ги имплементираат одредбите на Конвенцијата. Секоја од државите-страни е предмет на преглед од страна на други две држави-страни од кои една е од истата регионална група. Државите-страни кои го вршат прегледот се избираат по пат на ждребување.
Повеќе информации во врска со процесот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата се достапни на веб-страницата на УНОДЦ.
Со досега преземените активности од страна на Министерството за правда, особено во спроведувањето на вториот циклус на преглед, во поголем обем се применуваат добрите пракси за отвореност и транспарентност на процесот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата и принципите од Заложбата за транспарентност во процесот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, потпишана на 13-ти април 2020 година, по иницијатива на УНКАК коалицијата.
- Заложба за транспарентност во процесот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (МК) (АНГ)
- ПЛАН НА АКТИВНОСТИ за АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ кои се клучни за опсервациите дадени во Извештајот од прегледот спроведен од Црна Гора и Република Молдавија за имплементација на членовите 5-14 и 51-59 од Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата за циклусот на преглед 2016-2021 година и за НАДМИНУВАЊЕ ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ИДЕНТИФИКУВАНИ во рамки на вториот циклус на преглед на имплементацијата на Конвенцијата, 2021-2024 година.
- Ревидиран ПЛАН НА АКТИВНОСТИ за АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ кои се клучни за опсервациите дадени во Извештајот од прегледот спроведен од Црна Гора и Република Молдавија за имплементација на членовите 5-14 и 51-59 од Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата за циклусот на преглед 2016-2021 година и за НАДМИНУВАЊЕ ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ИДЕНТИФИКУВАНИ во рамки на вториот циклус на преглед на имплементацијата на Конвенцијата, 2021-2024 година (Ревидиран, Август 2022 година)
- Преглед на имплементацијата на Конвенцијата – Втор циклус (глави II и V)
- Преглед на имплементацијата на Конвенцијата – Прв циклус (глави III и IV)