Листа на судови:
Листа на судови:
Куманово
Основен суд во Куманово со седиште во градот Куманово за подрачјето на судовите во:
Битола
Основен суд во Битола со седиште во градот Битола за подрачјето на судовите во:
Прилеп
Основен суд во Прилеп со седиште во градот Прилеп за подрачјето на судовите во
Струга
Основен суд во Струга со седиште во градот Струга за подрачјето на судовите во:
Струмица
Основен суд во Струмица со седиште во градот Струмица за подрачјето на судовите во:
Тетово
Основен суд во Тетово со седиште во градот Тетово за подрачјето на судовите во:
Штип
Основен суд во Штип со седиште во градот Штип за подрачјето на судовите во:
Велес
Основен суд во Велес со седиште во градот Велес за подрачјето на судовите во:
Гостивар
Основен суд во Гостивар со седиште во градот Гостивар за подрачјето на судовите во:
Апелационен суд Битола
Апелационен суд Скопје
Апелационен суд Штип
Апелационен суд Гостивар
Огранизацијата на работата во Вишиот управен суд според Законот за судовите (Службен весник на РМ бр. 58/06, 35/08 и 150/10) и Законот за управните спорови (Службен весник на РМ бр. 62/06 и 150/10)
Вишиот управен суд е надлежен:
Врховниот суд како највисок суд во државата е надлежен:
Да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
Да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови;
Да решава по вонредно правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
Да решава за судир на надлежност:
меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови,
судир на надлежности меѓу апелационите судови,
судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд,
судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд,
да решава за месна надлежност кај овие судови;
Да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Македонија во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција на човекови права;
Да врши други работи определени со закон.
За обезбедување единство во примената на законите од страна на судовите, Врховниот суд:
Утврдува начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единство во примена на законите, по сопствена иницијатива или по иницијатива на седниците на судиите или судските оддели од судовите;
Ги објавува овие ставови и мислења на веб страницата на Врховниот суд на Република Македонија;
Дава мислења по предлози за закони и други прописи кога со нив се уредуваат прашања од значење за работа на судовите;
Разгледува прашања во врска со работата на судовите, примената на законите и судската практика;
Донесува Деловник за својата работа;
Донесува програма за работа на судот;
Поднесува предлог до Судскиот совет на Република Македонија за времено упатување на судија во друг суд;
Поднесува барање за поведување на дисциплинска постапка против судија;
Поднесува барање за поведување на постапка пред Судскиот совет на Република Македонија за утврдување на трајно загубена способност за вршење на судиска функција;
Именува состав на Советот за одлучување по жалби против решение на Судскиот совет за разрешување на судија или изречена дисциплинска мерка, согласно закон;
Решава по барања за заштита на законитоста против одлуките на своите совети;
Одлучува по барање за изземање на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија;
Го разгледува извештајот за својата работа и извештаите за работата на судовите во Република Македонија од аспект на ажурноста и квалитетот на работата;
Донесува заклучоци по извештаите и се грижи за нивно спроведување;
Врши и други работи утврдени со закон.
Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите:
(сл.весник бр. 35/08)
(сл.весник бр. 150/10)