Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Академијата за јавна администрација ќе биде клуч за професионализацијата на јавната служба

Академијата за јавна администрација ќе биде клуч за професионализацијата на јавната служба

Министерството за правда го поддржува воспоставувањето на Академијата за обука и усовршување на административните службеници, нова институција која ќе овозможи континуирана едукација и професионален развој на вработените во јавниот сектор.

Академијата претставува клучен чекор во создавањето на современ, професионален и компетентен јавен сектор кој ќе одговара на европските стандарди на ефикасност, транспарентност и отчетност. Со нејзиното воспоставување се поставуваат темелите за систематско, континуирано и квалитетно стручно усовршување на административните службеници, што ќе придонесе за подобри услуги за граѓаните и поголема доверба во институциите.

Академијата ќе овозможи:
-систематска обука и усовршување на административните службеници,
-подобрување на квалитетот и ефикасноста на институциите,
-градење професионална и компетентна администрација усогласена со европските - стандарди.

Создавањето на ваков систем е клучен чекор кон модерна, транспарентна и одговорна јавна администрација која ќе биде во служба на граѓаните.

Мени за пристапност