Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

Во однос на констатциите на Европската комисија дека судството се соочува со недостиг на кадар и финансиска независност ,министерот за правда Игор Филков вели дека тоа се реални проблеми, кои не се решаваат со едноставна административна одлука, туку бараат системски пристап, долгорочна стратегија и координација меѓу сите институции. Недостасуваат судии, обвинители, судска служба, јавнообвинителска служба, записничари, информатичари. Нема соодветна опрема, просторни услови, средства за спроведување на процесот на дигитализација. Министерството за правда е свесно за истите и токму затоа изготвени се и пуштени во владина процедура законски решенија за судска служба и јавнообвинителска служба. Паралелно се работи и на Закон за судови, Закон за судски буџет и Закон за Академија за судии и јавни обвинители, со цел сеопфатно да се создаде соодветна правна рамка за надминување на недостатокот на судии, обвинители и нивните стручни служби.
,,Но исто така мора да кажеме нешто што често се премолчува: финансиската независност не значи финансиска неограниченост. Таа мора да оди заедно со одговорност, транспарентност и рационално трошење. Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати – побрзи постапки, поголема доверба и повисок квалитет на судските одлуки”,потенцира министерот за правда Игор Филков во интервју за Македонската информативна агенција.


Целото интервју проследете го на следниот линк
https://mia.mk/story/%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BA%D0%BE%D0%B2

Мени за пристапност