Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Филков оствари средба претседателот на Судскиот совет на Косово, Алберт Зогај

Министерот Филков оствари средба претседателот на Судскиот совет на Косово, Алберт Зогај
На маргините на официјалната посета на Република Косово, министерот за правда Игор Филков оствари средба со претседателот на Судскиот совет на Косово, Алберт Зогај.
 
На средбата се дискутираше за поставеноста и состојбите на судството во двете земји, како и за идните реформи. 
 
И двете страни искажаа подготвеност за соработка за размена на искуства и нејзино продлабочување. 
 
На крајот од средбата, двете страни ја истакнаа важноста и неопходноста од зачувување на независноста на судскиот систем и унапредување на правната рамка на двете земји, со прифаќање на европските стандарди.

Мени за пристапност