Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за правда, Игор Филков, одржа средба со Претседателот на Комитетот за превенција од тортура (КПТ), Алан Мичел и Вицегувернерот на Банката за развој при Советот на Европа, Томаш Бочек.

Министерот за правда, Игор Филков, одржа средба со Претседателот на Комитетот за превенција од тортура (КПТ), Алан Мичел и Вицегувернерот на Банката за развој при Советот на Европа, Томаш Бочек.

На средбата се дискутираше за констатираните состојби  во затворите и потребите за   подобрување на материјалните услови, инфраструктурата, здравствената заштита на затворените и притворените лица, како и за финализирањето на Проектот за реконструкција на казнено-поправните установи.

Беше истакнато значењето за унапредувањето на човековите права на затворените и притворените лица.

Министерството за правда, во соработка со Управата за извршување санкции и натаму  активно работи на подобрување на условите во затворите зајакнувајќи ја редовната комуникација и координација меѓу релевантните институции.

Мени за пристапност