Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Петра Дрекслер

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Петра Дрекслер

На средбата се дискутираше за планираните реформи во правосудството, владеењето на  правото, Изборниот законик, како и процесот на дигитализација.

Министерот Филков посочи  дека од 15 ноемвризапочнуваат дебати за Судскиот совет со цел да се најде најдоброто прифатливо решение. Се работи и на законски измени за решавање на проблемот со недостаток на судии и јавни обвинители.

Амбасадорката Дрекслер  истакна  дека Сојузна Република Германија ги поддржува сите иницијативи за унапредување на соработката во рамките на евроинтегративниот процес како и заложбите на Уставниот суд на  Република Северна Македонија за воведување на институтот -Уставна жалба.

Билатералната соработка меѓу двете држави ќе продолжи и во наредниот период.

Мени за пристапност