Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерството за правда меѓу најтранспарентните институции во 2025 година

Министерство за правда Министерство за правда

Министерството за правда се вбројува меѓу најтранспарентните институции според Индексот на активна транспарентност за 2025 година, со високи 87,0% активна транспарентност. Министерството е рангирано во првата графа заедно со најотворените институции во државата.

Ова годишно рангирање, кое опфаќа 102 институции, вклучувајќи ги Владата, сите министерства и општините, претставува значаен показател за нивото на активна транспарентност – односно степенот до кој институциите проактивно објавуваат информации од јавен карактер без да чекаат формални барања од граѓаните.

 
Овој резултат е потврда за континуираните напори на Министерството за правда во насока на јакнење на транспарентноста, отчетноста и довербата кон институциите.

Мени за пристапност