Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Наша надлежност, твое право“, едукативна кампања на МП

„Наша надлежност, твое право“, едукативна кампања на МП

Министерството за правда ја информира јавноста дека започнува едукативна кампања под мотото „Наша надлежност, твое право“,насочена кон јасно и разбирливо претставување на неговата улога, надлежности и одговорности во институционалниот систем на државата.

Целта е да ја зголемиме информираноста на граѓаните за тоа како функционира правосудниот систем, каде се позиционира Министерството за правда во истиот, и кои се реалните механизми преку кои Министерството може да делува и да обезбеди владеење на правото и да ги претстави кои се останатите чинители. 
Со оваа иницијатива, сакаме да разјасниме некои чести недоразбирања и очекувања во врска со улогата на Министерството, да ги запознаеме граѓаните со услугите кои што ги нуди Министерството за правда, како и да поттикнеме поголема правна култура и доверба во институциите
Кампањата ќе се реализира преку социјални мрежи, јавни настани и соработка со граѓанскиот сектор .
Ги повикуваме сите граѓани, организации ,медиуми да се вклучат и да ја следат оваа иницијатива, со цел заеднички да придонесеме кон појасна и потранспарентна слика за тоа што претставува Министерството за правда.

Мени за пристапност