Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Нов предлог Закон за пробација објавен на ЕНЕР

Нов предлог Закон за пробација објавен на ЕНЕР

Министерството за правда го објави новиот предлог Закон за пробација (2025) кој носи суштински промени со цел подобрување на правдата, заштита на жртвите и поефикасна работа на пробациската служба.


Законот носи значајни промени кои директно влијаат на граѓаните, жртвите и лицата под надзор.
Еве ги најважните новини:
Посебна глава за жртвите на кривични дела
Глава V – Постапување со жртви (нова!)

  • Гаранција на права и заштита на жртвите
  • Информирање за одлуки поврзани со сторителот
  • Вклучување во програми за ресторативна правда
  • Механизам за пријавување и заштита


Прецизирање на надлежностите

  • Зајакната улога на Секторот за пробација
  • Формирање електронски регистар
  • Подобра меѓуинституционална соработка
  • Воведени механизми за надзор над пробациските канцеларии


Нови принципи и начела

  • Заштита од тортура и нечовечко постапување
  • Родова еднаквост во термините
  • Економичност во постапувањето
  • Проширена листа на основи за забрана на дискриминација


Индивидуална програма за третман

  • Рок од 30 дена за изготвување
  • Писмена согласност од лицето
  • Поврзаност со времетраењето на надзорот при условен отпуст


Нови надлежности на службениците

  • Контрола на теренската проверка
  • Користење на електронски алатки за надзор
  • Задолжителна соработка со МВР и други институции


Регулирање на куќен затвор

  • Јасни правила за престој надвор од домот
  • Посебни процедури за итни медицински случаи
  • Можност за отповикување на дозволата
  • Подетални обврски за известување и поддршка


Технички и терминолошки измени

  • Нови рокови за институциите (на пр. 30 дена за приговори)
  • Појаснети услови за прекин на мерки и пишани опомени
  • Детални процедури за непочитување на обврски


Целиот предлог-закон е достапен на ЕНЕР: https://bit.ly/predlog-zakon-probacija
Вклучете се, информирајте се и споделете мислење!

Мени за пристапност