Нашата соработка со УНИЦЕФ е клучна за унапредување на професионалните капацитети, меѓусекторската координација и воспоставување систем кој е фер, родово чувствителен и вистински насочен кон најдобриот интерес на детето.
На децата во Македонија им е потребен правосуден систем прилагоден на нивните потреби – систем што им овозможува да ги остварат своите права и да имаат реален пристап до правда секогаш кога нивните права се повредени или им се ускратени.
Подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за правда за деца имаат суштинска улога за негово целосно спроведување.
Обезбедуваат јасни процедури, стандарди и алатки преку кои принципите на законот стануваат применливи во пракса.
Министертсвото за правда ја реафирмира заложбата за целосна и практична примена на најдобриот интерес на детето, во согласност со Конвенцијата за правата на детето и принципите на правда по мерка на децата.