Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

После 6 години повторно се бара екстрадиција за Демири и Исмаиловиќ, осудени за случајот ,,Монструм”

Министерство за правда Министерство за правда

Министерот за правда Игор Филков соопшти дека ги потпишал   барањата за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата доживотно  осудени за случајот ,,Монструм” за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Барањата се веќе доставени до Министерството за правда на Косово и се чека одговор од нивна страна.

Последен пат, екстрадиција била побарана во 2018 година. На ова и претходеле барања до Република Косово за овие екстрадиции во повеќе наврати, но сите биле одбиени.   На 08.10.2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива , а за Демири нема одговор.Во постапките , се што е побарано од косовските власти веќе е доставено.

После 6 години повторно се  бара нивна екстрадиција.

Мени за пристапност