На 5 ноември 2025 година, се одржа работилница на тема:
„Заклучни согледувања на Комитетот за човекови права на Обединетите нации за Четвртиот периодичен извештај на Република Северна Македонија по Меѓународниот пакт за граѓански и политички права“.
Комитетот за човекови права на 14 јули 2025 година ги усвои заклучните согледувања и препораки за Четвртиот периодичен извештај на Република Северна Македонија. Согласно меѓународните обврски, до следниот извештаен период, државата треба да ги спроведе овие препораки во насока на унапредување на човековите права и владеењето на правото.
Претставници на надлежните министерства и институции известија за статусот на реализација на поединечните препораки на Комитетот. Тие укажаа дека препораките кореспондираат со постојните програмски активности за унапредување и почитување на човековите права, како и дека постои план на активности за нивна понатамошна имплементација во периодот што следи.
Во дискусијата учествуваа и претставници на невладините организации, кои ги споделија своите гледишта и искуства. Тие со својата програмска активност претставуваат дополнителна вредност во севкупните национални напори за спроведување на препораките на Комитетот за човекови права.
Работилницата ја организираше Министерството за правда, со поддршка и во соработка со Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права (OHCHR), на што Министерството изразува искрена благодарност.