Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Силна јавна администрација – темел за правна и ефикасна држава

Силна јавна администрација – темел за правна и ефикасна држава

На третата седница на Советот за реформа на јавната администрација, со која претседаваше претседателот на Владата Христијан Мицкоски, беше усвоен ревидираниот Акциски план 2023–2026, усогласен со приоритетите на Владината програма и со клучните документи од процесот на европска интеграција.

Ажурираниот план прецизно ги утврдува надлежните институции, динамиката на спроведување и механизмите за подобра координација, а во него се интегрирани и препораките од оценската мисија на SIGMA 2024.

Посебен акцент беше ставен на потребата реформските мерки да се реализираат навремено и доследно.

Само со професионална, транспарентна и современо организирана јавна администрација можеме да обезбедиме правични услуги за граѓаните и посилна правна држава.

Мени за пристапност