Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Филков-Гретарсдоттир

Средба Филков-Гретарсдоттир
Унапредувањето на ефективноста и достапноста на системот за бесплатна правна помош , важноста од дигитализација, односно електронско поднесување на барањата, беа дел од темите за кои се разговаравме на денешната средба на министерот за правда, Игор Филков со Лијла Гретарсдоттир, раководител на Одделот за примена на човекови права, правда и стандарди за правна соработка и со Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.
 
Министерството за правда продолжува да работи на подобрување на пристапот до правото и обезбедување на правна помош за сите оние кои не можат да си ја дозволат.
Целта е да се осигураме дека секој граѓанин има пристап до правда, без оглед на неговата финансиска состојба.

Мени за пристапност