Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Испит за медијатор

Со испитот за медијатори се проверува познавањето и разбирањето за медијацијата, се испитуваат вештините на кандидатите за медијатор, способностите за градење на добри односи, мотивирање на учесниците за процесот на медијација, начинот на реализирање на комуникацијата меѓу учесниците, регулирање на процесот на медијација и разбирање со содржината на конфликтното прашање.
Испитот за медијатор се спроведува согласно Законот за медијација (,,Службен весник на РМ“ бр.188/13, 148/15, 192/15 и 55/16),  Правилникот за начинот и условите за полагање на испитот за медијатор (,,Службен весник на РМ“ бр.223/15 и 67/16) и Програмата со која се уредува содржината на Испитот за медијатори.
 
 
Испитите се спроведуваат четири пати во текот на една календарска година и тоа во мартовска, јунска, октомвриска и декемвриска испитна сесија.
Пријавувањето за испитот се врши во периодот од први до петнаесетти во месецот кој претходи на месецот кога се спроведува испитната сесија (февруари, мај, септември и ноември).
Види РЕШЕНИЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ИСПИТНИТЕ СЕСИИ ЗА ИСПИТОТ ЗА МЕДИЈАТОРИ на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата.
 
Известувањето за полагање на испитот за медијатор се објавува на веб страната на Министерството за правда. 
Кандидатите за полагање на Испитот за медијатори поднесуваат пријава за полагање на испитот за медијатор со придружната документација до Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата преку архивата на Министерството за правда и тоа со назнака Министерство за правда – Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата.
 
 
Испитот за медијатори се состои од три дела и тоа:
  • прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење
  • втор дел  (студија на случај), со кој се проверува способноста за спроведување на процес на медијација во практиката и
  • трет дел, во кој се оценуваат личните особини и карактеристики и практичните вештини, способности и знаења за медијација.
 
Првиот и вториот дел се полагаат по електронски пат.
Првиот дел од испитот содржи по 50 прашања со пет опции за заокружување од секој предмет и се полага електронски во траење од 120 минути. Точниот одговор на прашањата се бодува со 1 поен, сличните одговори со точниот одговор се бодуваат со 0 поени, неточниот одговор во мал обем се бодува со 0 поени, а неточниот одговор во голем обем со - 0,5 поени. Кандидатот го положил предметот ако освоил најмалку 35 поени.
Ако кандидатот го положи првиот дел од испитот му се овозможува полагање на вториот дел од испитот кој се состои од проучување на две студии на случај во вид на електронски студии на случај во траење од 120 минути. Секоја од студиите на случај содржи по пет прашања, при што секое од прашањата има десет можни опции на одговор. Точниот одговор се бодува со 6 поени, додека сличните одговори со точниот одговор и различните одговори се бодуваат со 0 поени. Максималниот број на освоени поени за секоја од студиите на случај поодделно изнесува 30 поени. Кандидатот го положил вториот дел од испитот ако освоил најмалку 24 поени за секоја студија на случај.
Третиот дел од испитот се полага по успешно положените први два дела на испитот во вид на интервју со лицето кандидат за стекнување со лиценца за медијатори пред комисија составена од членови на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата. На ова интервју  се ценат личните особини на кандидатот, карактеристики и потребните вештини и  способности  за медијатор за слушање на страните, да го разбере кажаното од нив и да го парафразира, сублимира и елоквентно презентира пред нив во форма што ги изразува нивните интереси. Лицето преку одреден случај (играње на улога) треба да ги демонстрира и презентира постапките и техниките на медијацијата.
 
Првите два дела од испитот се полагаат во испитниот центар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,  “, бул. Гоце Делчев бр.9б, Скопје, додека третиот дел од испитот се полага во Министерството за правда.
 
Начин на закажување
 
Кандидатите на кои им е одобрено барањето за полагање на испитот и јавноста за полагањето на првиот и вториот дел од испитот се  информираат за датумот и времето на полагање на испитот, најмалку осум дена пред одржување на испитот преку веб страната на Министерството за правда, додека за полагањето на третиот дел од испитот кандидатите се информираат по успешното завршување со полагање на првите два дела од испитот.
 

Марко Кржалоски - советник, 

070/283-439, 3116-493 локал 242, mkrzaloski@mjustice.gov.mk
Испитот за медијатори можат да го полагаат лица кои до Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата доставиле пријава за полагање на испит во која читливо ќе бидат наведени личните податоци, точната адреса, број на телефон (мобилен, домашен или од работното место), единствен матичен број, со уплатница (образец ПП/50) за уплатени парични средства за административна такса во износ од 50,00 денари, назив на примачот  -Буџет на Република Македонија, банка на примачот - Народна банка на Република Македонија, трезорска сметка на Народна банка на Република Македонија бр. 1 000 000 000 63 095, уплатна сметка 840***03161 (трите ѕвездички се однесуваат на шифрата на општината во која подносителот е жител), приходна шифра  72 23 13, програма 00 заедно со доказ за:
  • завршено високо образование VII/I или 300 кредити според Европскиот кредит трансфер  систем (ЕКТС) во Република  Македонија  или  решение  за  признавање  на соодветна високообразовна квалификација стекната во странство издадено од Министерството на образование и наука;
  • завршена обука според акредитирана програма за обука на медијатори од најмалку 70 часа во Република Македонија, односно странство, или решение за признавање на соодветна обука завршена во странство донесено од Одборот;
  • најмалку три години работно искуство по дипломирањето;
  • проследени најмалку четири постапки за медијација спроведени од медијатор за што е издадена потврда од медијатор поткрепена заедно со извод од Регистарот за евиденција на постапките за медијација за соодветните постапки;
  • спроведен психолошки тест и тест на интегритет издаден од лиценцирано стручно лице;
  • уверение за државјанство на Република Македонија и
  • најмалку пет препораки од лица кои професионално го познаваат апликантот.
  • Уплатницa на образец ПП/50 со следните податоци:
    • цел на дознака-  полагање на испит за медијатор;
    • назив на примачот- Министерство за правда;
    • банка на примачот-НБРМ;
    • сметка - 100000000063095;
    • износ - 9.000,00 денари;
    • сметка на буџетски корисник- 070010014063112;
    • приходна шифра и програма – 723013-10.
[Постои опција за плаќање со ПОС терминал.]
 
Лицата кои до денот на влегувањето во сила Законот за медијација („Службен весник на РМ“ бр. 188/13, 148/15, 192/15 и 55/16), завршиле обука за медијатори, согласно Законот за медијација (,,Службен весник на РМ“ бр.60/06, 22/07 и 114/09) и Правилникот за начинот и постапката на спроведување на обука за медијатори како и лицата кои имаат завршено обука за медијатори („Службен весник на Република Македонија”број 12/11) исто така подлежат на постапката за лиценцирање, за што треба да поднесат пријава за полагање на испит во која читливо ќе бидат наведени личните податоци, точната адреса, број на телефон (мобилен, домашен или од работното место), единствен матичен број, со уплатница (образец ПП/50) за уплатени парични средства за административна такса во износ од 50,00 денари, назив на примачот  -Буџет на Република Македонија, банка на примачот - Народна банка на Република Македонија, трезорска сметка на Народна банка на Република Македонија бр. 1 000 000 000 63 095, уплатна сметка 840***03161 (трите ѕвездички се однесуваат на шифрата на општината во која подносителот е жител), приходна шифра  72 23 13, програма 00 заедно со доказ за:
  • спроведен психолошки тест и тест на интегритет издаден од лиценцирано стручно лице;
  • уверение за државјанство на Република Македонија и
  • најмалку пет препораки од лица кои професионално го познаваат апликантот.
  • Уплатницa на образец ПП/50 со следните податоци:
    • цел на дознака-  полагање на испит за медијатор;
    • назив на примачот- Министерство за правда;
    • банка на примачот-НБРМ;
    • сметка - 100000000063095;
    • износ - 9.000,00 денари;
    • сметка на буџетски корисник- 070010014063112;
    • приходна шифра и програма – 723013-10.
[Постои опција за плаќање со ПОС терминал.]

 

 

 

 

Мени за пристапност