Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Честит 25 Октомври-Европски ден на правдата

Честит 25 Октомври-Европски ден на правдата

Нашата иднина треба да се темели на  градењето на силно, независно и модерно правосудство кое ќе ги исполни очекувањата на нашите граѓани и ќе биде во чекор со европските вредности.

Владеењето на правото е основниот столб врз кој се потпира  секое модерно општество, а реформите се предуслов за градење на доверба меѓу граѓаните и институциите.

Во изминатиот период, сведоци сме на потребата од сериозни промени во правосудниот систем кои се  едни од главните предуслови за напредок во европските процеси.


Европската унија е јасна-нема компромис кога станува збор за правдата.


Ние, не можеме да очекуваме економски просперитет, социјална кохезија и стабилност без правичен и независен судски систем. Секако, реформите во правосудството не значат само менување на закони. Тие вклучуваат и промена на културата на работење на правосудните институции. Потребно е постојано едуцирање на судиите и обвинителите, воведување нови технологии за подобра ефикасност, но и зајакнување на механизмите за контрола и отчетност.


Овие реформи не се само национален приоритет, туку се и дел од нашата евроинтеграција.

Мени за пристапност