Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во нашата земја, Деонин Мејдани

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во нашата земја, Деонин Мејдани

На средбата се дискутираше за соработката помеѓу двете држави, со акцент на прекуграничната соработка во кривична материја.

Министерот Филков посочи  дека помеѓу двете држави не постојат отворени прашања и дека соработката е на задоволително ниво.

Амбасадорот Мејдани истакна  дека помеѓу Република Албанија и Република Северна Македонија веќе три децении постојат пријателски односи и дека тоа ќе продолжи и во периодот што следува.

Билатералната соработка меѓу двете држави ќе продолжи и во наредниот период.

Мени за пристапност