Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Меморандум за соработка во интерес на ефикасна правда

Меморандум за соработка во интерес на ефикасна правда

Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа Меморандум со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија.

Целта е да се обезбеди побрза и поефикасна размена на податоци за лицата-должници, корисници на пензија, со што ќе се овозможи:

- поголема правна сигурност за граѓаните,
- заштита на личните податоци и почитување на етичките стандарди,
- грижа за најранливите категории (пензионери со минимална пензија),
- јасни и транспарентни процедури,
- поефикасно спроведување на извршувањата.
 
Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка, се намалуваат административните пречки и се гарантира фер и законито постапување.
Министерството за правда продолжува да го гради правосудниот систем врз доверба, отчетност и транспарентност.

Мени за пристапност