Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Упатство за примена на Законот за бесплатна правна помош во однос на вршењето вештачење за корисници на секундарна правна помош

Министерство за правда Министерство за правда

Цел на упатството е да ја олесни примената на Законот за бесплатна правна помош во однос на правото на корисниците на секундарна правна помош на ослободување од трошоците за вештачењето, како и да ги одреди и дефинира правата и обврските на сите учесници во постапката.

Пристапот до вешт наод и мислење е во значителен број предмети суштествен за успех во правната работа и остварување на правото. Упатството го разработува правото на вештачење како елемент на правото на секундарната правна помош, изборот на субјекти кои вршат вештачење во конкретен предмет, нивните права, обврски и одговорности како и постапката за исплата на награда и надоместок за извршените услуги.Упатството е наменето за вештаците, Министерството за правда, адвокатите и корисниците на секундарната правна помош.

 

Линк - Упатство за примена на Законот за бесплатна правна помош во однос на вршењето вештачење за корисници на секундарна правна помош

Мени за пристапност